13 Декември, 2025
0.0377

ОРУЖЈЕТО НЕ МИРУВА: Зеленски соопшти колку напади и гранатирања извршила Русија

Објавено во: Свет 20 Април, 2025 18:22

Добивај вести на Viber

На фронтот во Украина, нема мир и за празник. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека Русија на Велигден извршила 46 воздушни напади и 900 гранатирања на Украина. Ова е состојбата до 16 часот, според извештајот на врховниот командант на украинската армија, Олександр Сирски.

Зеленски на социјалните мрежи напиша дека денеска руските сили употребиле 400 дронови за напади врз Украина. Украинскиот претседател изјави дека руските сили го прекршиле велигденскиот прекин на огнот во регионот на Доњецк и во областа Курск во Русија. Рускиот претседател претходно најави прекин на огнот за Велигден, но според украинската страна тој тоа не го почитува. 

„Велигденското примирје истекува следната ноќ на полноќ, а рускиот претседател Владимир Путин не дал никаква наредба за негово продолжување“, изјави за ТАСС портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.

Специјалниот пратеник на американскиот претседател за Украина, Кит Келог синоќа изјави дека Украина нема да влезе во НАТО, а постојат други можности кои би можеле да се применат. 

Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година. 

фото Фејсбук/Володимир Зеленски

Можеби ќе ве интересира

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск