14 Декември, 2025
0.0560

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се очекува Лавров да дојде на Министерскиот состанок на ОБСЕ, Украина и балтичките земји ќе бојкотираат

Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2023 21:25

Добивај вести на Viber

ПОРАДИ ЛАВРОВ, УКРАИНА И БАЛТИЧКИТЕ ЗЕМЈИ НЕМА ДА УЧЕСТВУВААТ НА МИНИСТЕРСКИОТ СОСТАНОК НА ОБСЕ

Балтичките држави ќе го бојкотираат состанокот на ОБСЕ во Скопје поради присуството на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. 

Естонија, Летонија и Литванија соопштија дека ќе го бојкотираат Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Скопје, доколку присуствува и Лавров. Шефот на естонската дипломатија Маргус Цахкна наведе дека „Русија ќе ја искористи оваа можност да ја шири својата пропаганда и да го поткопа единството на Западот“. Вели дека местото на Лавров е на специјален трибунал, а не на масата на ОБСЕ.

Кажа дека треба веднаш да се стави крај на агресијата врз Украина, да се повлечат руските трупи од окупираните области, да се плати компензација за уништувањето и да се повикаат на одговорност криминалците.

СЕ ТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТАТА ВАЊА

МВР го стави исчезнатото девојче на лчистата на исчезнати лица кои се водат во регистарот на Министерството. 

„ЃОРЧЕВСКА ВАЊА татко Александар мајка Зорица род.27.02.2009 год. во Скопје каде и живее. Исчезната на 27.11.2023 год. во утринските часови на пат кон ООУ „Песталоци“ во општина Центар-Скопје. Опис: висина 175 см, тежина 58 кг, коса темно кафеава, очи кафеави, носи протези на горни и долни заби,има бемка на десна страна од лицето. Облечена во плав блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии.Со себе носи школски ранец и мобилен телефон марка Ајфон“, е објавено на веб страницата на МВР за исчезнатио лица.

Тие даваат и препораки што можат да помогнат во случаи на исчезнати лица. 

ВЛАДАТА ЌЕ ГО СУБВЕНЦИОНИРА ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА ПЛАТИТЕ ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

Владата објави дека повторно ќе го субвенционира зголемувањето на платите во приватниот сектор, како антикризна мерка, но овој пат опсегот на субвенционирање ќе биде за зголемувања од 3.000 до 10.000 денари за работниците од страна на работодавачите.

Ова ќе важи само за тие што имаат плата најголема до една и пол просечна во последните три месеци.

- За зголемениот износ се плаќа само данок на личен доход, а се ослободува за тој дел од плаќање на придонеси, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

БОКИ 13 Е НА СЛОБОДА

Осудениот во случајот Рекет,  Бојан Јовановски-Боки 13 е пуштен на слобода, потврдува за Канал 5 неговиот адвокат, а неофицијална потврда има и од Кривичниот суд.

Причината е лошата здравствена состојба, за што Кривичен суд добил лекарски извештаи од повеќе доктори, како и цели лекарски козилиуми.

Ова значи дека Боки 13 ќе се лекува од слобода, откако му е извршена операција.


ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Како им успеало не се знае, ама Јавното претпријатие за државни патишта остварило фантастична добивка во првите шест месеци од годинава, или близу 25 милиони евра за едно полугодие.

ТЕЦ „Неготино“ лани ги живееше „своите 5 минути“! Старата добра „мазутара“ (како што популарно ја нарекуваат енергетичарите) лани направи струја за 89 милиони евра, а успеа да направи и профит од 1,3 милиони евра!

И повторно ќе застанат пред тркалото на среќата. Од вкупниот број од пациентите со цистична фиброза, лек ќе добијат само 39. Толку пари се предвидени со буџетот. Секој од нив се надева на долгоочекуваната терапија, на трикафта, лекот, за  којшто велат дека ќе ги спаси од мачното лежење по болниците на секои три месеци. Револтирани се од досегашните постапки на властите, кои, како што појаснуваат си „играат“ со нивните животи.

Можеби ќе ве интересира

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија