17 Декември, 2025
0.0503

Која државна фирма „се врати од мртвите“ така што од продажба направи 89 милиони евра?

Објавено во: Економија 28 Ноември, 2023 09:45

Добивај вести на Viber

ТЕЦ „Неготино“ лани ги живееше „своите 5 минути“! Старата добра „мазутара“ (како што популарно ја нарекуваат енергетичарите) лани направи струја за 89 милиони евра, а успеа да направи и профит од 1,3 милиони евра! Според официјалните податоци на независната ревизија компанијата книговодствено кажано „се врати од мртвите“ затоа што амортизацијата на крај на 2022 година е 65,9 милиони евра

Неготинската термоцентрала што работи на мазут ТЕЦ „Неготино“ лани продаде електрична енергија за 89 милиони евра, покажуваат официјалните податоци на независната ревизија достапни и на веб страницата на Македонската берза.

Познато е дека цела висока сезона (читај зимска) лани ТЕЦ „Неготино“ работеше без прекин за потребите на ЕСМ (државната компанија за производство на струја). И покрај тоа што работи на мазут и е голем загадувач немаше избор и неопходно беше да се вклучи ТЕ „Неготино“. Прво затоа што ЕСМ не можеше сам да задоволи доволни количества на струја, а второ затоа што цената на електричната енергија на берзите беше толку висока и стабилна што ТЕЦ „Неготино“ стана рентабилен за за прв пат во неговата 40 годишна историја.

Приходот од продажба на струја што лани го направи ТЕЦ Неготино е 11 пати поголем од приходот во претходната 2021 година. 

Во структурата на трошоци убедливо најголемо учество има трошокот за набавка на мазут. А таа тема беше обемно и детално разработувана од македонските национални медиуми во повеќе наврати. Затоа што тендерот за набавка на мазут имаше специфички услови кои овозможија една фирма која претходно ни од далеку немала толкав обем на работа да го добие целиот бизнис за набавка на мазут.

Според ревидираните податоци трошоците за производство на енергија изнесуваат 83,5 милиони евра.

Втора ставка во структурата на трошоците се вработените. За нив ТЕЦ „Неготино“ исплатил 2,5 милиони евра. Тоа значи дека бруто месечната плата за секој од 210 вработени лани изнесувала 940 евра. Односно нето просечна плата во компанијата изнесувала нешто помалку од 700 евра.

Претходната година дури неготинската компанија дала и дивидедна од 376.000 евра. Годинава веројатно Владата ќе добие повисока дивиденда затоа што добивката на мазутарата е 1,2 милиони евра.

Најинтересен факт, од економски аспект, е тоа што централата е речиси во целост аморитизирана односно нејзината книговодствена вредност согласно сметководствените стандарди е ниска. Но тоа пак од друга страна позитивно влијае врз добивката на компанијата. ТЕЦ „Неготино“ може да работи уште многу часови. Особено ако добие приклучок на природен гас кој ќе го замени мазутот и компанијата ќе стане еколошки прифатлива за околината во која работи.

Р.Ф.

foto freepik.com/marketlan

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи