ФАКТОР НА ДЕНОТ: Младо момче почина во битолската болница
Објавено во: Македонија 28 Септември, 2023 21:22
МЛАДО МОМЧЕ ПОЧИНА ВО БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА
Причина за смртта на 24-годишното момче во Клиничката болница Битола е десеминирана интраваскуларна коагулација, покажуваат резултатите од обдукцијата. Во изјава за Фактор, директорката, д-р Елизабета Ивановска појаснува дека момчето практично искраварело од сите органи и системи.
-Кај нас е донесен во многу тешка состојба. Имал силна инфекција, ангина на крајниците, но не примал ништо цела недела. Само последните три дена бил лекуван со амоксиклав, лек препишан од страна на матичниот лекар. Но, ваквите силни инфекции пропратени со високи температури прават невидена штета на организмот. Резултатите од обдукцијата покажуваат дека причината за смртта е десиминирана интраваскуларна коагулација. Во ваков случај, многу брзо се трошат факторите за згрутчување на крвта, што доведува до неконтролирано крварење на многу органи и системи во организмот. Смртноста од тешчите инфекции кои доведуваат до десиминирана интраваскуларна коагулациа е 96 проценти, вели директорката Ивановска.КАВГА ВО СОБРАНИЕТО МЕЃУ ДАФИНА СТОЈАНОСКА И МАРИЧИЌ
Пратеничката Дафина Стојановска денеска од говорницата во Собранието на сесијата пратенички прашања го обвини вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ дека и испраќал цинични бакнежи и намигнувања, на што веднаш реагираше владиниот функционер со демант на социјалните мрежо
„Најостро ги демантирам недостојните и ниски лаги на пратеничката Дафина Стојаноска. Со пратеничката ниту сум имал било каква комуникација ниту сум ѝ испратил било каква вербална или гестикулативна порака. Ништо од тоа.ВУЧИЌ ГО СПОРЕДИ НАПАДОТ ВО БАЊСКА СО ТОЈ ВО ДИВО НАСЕЉЕ
Српскиот претседател Александар Вучиќ го поврза нападот од Бањска во северно Косово со настаните од 2015 година во Диво насеље.
Тој ги обвини албанските власти дека се лицемерни. Вучиќ во синоќешното обраќање на РТС изјави дека албанските власти држат предавања за европски вредности, а албански терористи во Куманово нападнале и убиле осум македонски полицајци.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија




