14 Декември, 2025
0.2279

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Mицкоски прифаќа лидерска, но го отвора прашањето што понатаму ако уставните измени не поминат

Објавено во: Македонија 27 Мај, 2023 21:01

Добивај вести на Viber

ЌЕ ИМА ЛИДЕРСКА ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски прифаќа лидерска средба, но прогласува неуспех на уставните измени.

Од партијата велат дека кога станува збор за националните и државни интереси, Мицкоски е подготвен да разговара во било кое време, но бара да се разговара и за тоа што ќе се прави во периодот по неуспехот на уставните измени. 

„Доколку постои желба за национално единство и слушање на гласот на мнозинството, прифаќаме лидерска средба на која треба меѓудругото да се види што ќе се прави во периодот по неуспехот на тие уставните измени и иднината на граѓаните која треба да се обезбеди“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ. 

ПАРТИИТЕ СЕ ОБВИНУВААТ КОЈ Е ЗА ЕВРОПСКИ БЛОК, А КОЈ ЗА ИЗОЛАЦИЈА

Од СДСМ велат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски продолжува со својата пракса да нема став за секое прашање што е од национална важност. 

Додаваат дека со недели Мицкоски не дава одговор и не им кажува на граѓаните што одлучи, дали ќе се приклучи на европскиот блок или ќе остане изолиран со Димитар Апасиев во антиевропскиот блок. 

„Наместо тоа Мицкоски како по обичај реши да пласира нови лаги, нови небулози со кои се обидува да ја лаже македонската јавност. Лагите што тој и неговата ВМРО-ДПМНЕ ги шират одново ќе бидат демантирани пред јавноста и ќе пропаднат како и сите претходни, Мицкоски треба да знае дека блокада на европскиот пат освен што значи загрозување на иднината на земјата, на меѓународните позиии на државата, негативно ќе влијае и на односите со САД. Но, на крајот, сите негови деструктивни обиди повторно ќе бидат поразени“, велат од СДСМ. 

НА КОСОВО ДЕНЕСКА Е МИРНО

Косовските Срби ги испорачаа своите барања. Партијата на косовските Срби бара прекин на дијалогот Белград - Приштина. 

Најголемата партија на косовските Срби „Српската листа“ побара припадниците на косовската полиција да се повлечат од општинските згради, со оценка дека новите албански градоначалници се „нелегални и нелегитимни“. Лидерот Горан Ракиќ побара од официјален Белград да го прекине дијалогот со Приштина за нормализација на односите додека не се исполнат нивните барања.

Можеби ќе ве интересира

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина