Српска листа бара прекин на дијалогот Белград - Приштина додека не се формира ЗСО
Објавено во: Балкан 27 Мај, 2023 16:10
Косовските Срби ги испорачаа своите барања. Партијата на косовските Срби бара прекин на дијалогот Белград - Приштина.
Најголемата партија на косовските Срби „Српската листа“ побара припадниците на косовската полиција да се повлечат од општинските згради, со оценка дека новите албански градоначалници се „нелегални и нелегитимни“. Лидерот Горан Ракиќ побара од официјален Белград да го прекине дијалогот со Приштина за нормализација на односите додека не се исполнат нивните барања.
„Бараме од претседателот (Србија Александар Вучиќ) и од Владата на (Србија) да го прекинат, односно суспендираат секаков вид дијалог додека не се повлечат сите специјални сили“, рече Ракиќ.
Тие бараат да се формира Заедницата на српски општини и да се повлечат специјалните единици од северот на Косово. Вчера имаше немири на Косово. Се судрија граѓаните и полицијата, по што ЕУ и САД повикаа на деескалација. Косово веќе десет години одбегнува да ја формира Заедницата на српски општини.
фото Фејсбук
Можеби ќе ве интересира
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?




