24 Октомври, 2024
0.0320

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Mицкоски го прифаќа предизвикот на Мицотакис за соочување на НАТО самитот

Објавено во: Македонија 20 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

МИЦКОСКИ И МИЦОТАКИС СИ РАЗМЕНИЈА ОСТРИ ЗБОРОВИ ПРЕД САМИТОТ НА НАТО

Ме прашувате што се случува, ви велам не може да продолжиме вака. Премиерот на Северна Македонија, ако од моментот кога ќе ја презеде должноста, инсистира на оваа реторика, ќе се најде во многу непријатна позиција, кога ќе се сретнеме на НАТО Самитот, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за радиото „Реал фм“ за ставот на мандатарот за формирање Влада Христијан Мицкоски околу употребата на името Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис објасни дека Договорот од Преспа обезбеди едно име за севкупна употреба, а не двојна формула и уште еднаш го повтори ставот дека оспорувањето може да создаде проблеми во односите со Грција, со НАТО и ЕУ, но и дека прашањето ќе го покрене на НАТО Самтитот во првата половина на јули. 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар Христијан Мицкоски во врска со употребата на уставното име денеска повтори дека неговата позиција е јасна и за неа никој не треба да има дилема и оти е подготвен да аргументира и да дебатира во врска со тоа. Прашан за коментар за изјавата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис дека „премиерот на Северна Македонија, ако од моментот кога ќе ја презеде должноста, инсистира на оваа реторика, ќе се најде во многу непријатна позиција, кога ќе се сретнеме на НАТО Самитот“, Мицкоски рече дека се подготвува и оти би сакал да го види тој предизвик потсетувајќи на изјавите дека досега требаше да почне ратификацијата на протоколот за влез на Македонија во рамките на ЕУ. 

АНГЕЛОВ УКАЖА НА СЛАБОСТИТЕ СО КОИ ЌЕ СЕ СООЧИМЕ АКО ИМА ПОЖАРИ

Kaко што соопшти директорот на Центарот за управување со кризи(ЦУК), Стојанче Ангелов, државата располага со четири функционални хеликоптер за гаснење на пожари од кои три се во рамки на МВР и еден на Армијата, како и три „Ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување – ДЗС, но за жал во овој момент се нефункционални.

„Причина за тоа е што двајца пилоти заминале во пензија, а со само еден активен пилот авионите не смее да летаат“, информираше Ангелов.

СКОКНА ИЗНОСОТ НА МИНИМАЛНАТА КОШНИЧКА

Вредноста на синдикалната минимална кошница (СМК) за јуни изнесува 60.325 денари и е зголемена за 235 денари споредено со синдикалната минимална кошница за минатиот месец кога изнесуваше 60.090. Со изнајмен стан од 60 квадрати за јуни изнесува 75.700 денари.  Вредноста на СМК за јуни 2024 година  во однос на јануари годинава кога изнесуваше 57.163  денари зголемена е за 3.162  денари односно за 5,5 проценти.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Давид Стоилковски од Скопје, 22 годишен студент на Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“ имал можност како волонтер да замине на островот Аруба, место каде мнозинството Македонци не стапнале и многу малку знаат за него.

Mелничко пекарската агроиндустрија веќе објави дека за нешто над 10 отсто е поскапен лебот поради тоа што има зголемување на цената на суровините на берзите, односно поскапеле пченицата, а со тоа и брашното. 

На македонскиот моден пазар во континуитет главниот збор го водат неколку големи компании кои се претставници на големи светски модни брендови. Според остварените приходи во големата тројка се увозниците на „Зара“, „Ваикики“ и „Фешн груп“

Повторно интерес за сопственички промени во светот на телекомуникациските оператори.

Македонските граѓани и штедат, ама и сакаат да се задолжуваат во банка.

Улица „Костурски херои“ во населбата Буњаковец во Општина Центар во делот каде што се вози двонасочно помеѓу Универзална сала и сендвичарницата „Пласет Донер“ наликува на непроодно прометно место од Бит Пазар.

Можеби ќе ве интересира

AA: Спикерот Африм Гаши фотографиран со Никола Митревски - Кољо, осуденик за „27 април“.

AA: Спикерот Африм Гаши фотографиран со Никола Митревски - Кољо, осуденик за „27 април“.

Тага ја зави Струга, исчезнатиот кој отиде по печурки пронајден мртов

Тага ја зави Струга, исчезнатиот кој отиде по печурки пронајден мртов

Група навивачи претепале неколку момчиња во центарот на СКопје

Група навивачи претепале неколку момчиња во центарот на СКопје

Член на нарко-картелот „Барон“ јавно и се заблагодари на Силјановска Давкова за помилувањето

Член на нарко-картелот „Барон“ јавно и се заблагодари на Силјановска Давкова за помилувањето

СДСМ не го честиташе денешниот празник, во ВМРО-ДПМНЕ разочарани

СДСМ не го честиташе денешниот празник, во ВМРО-ДПМНЕ разочарани

ЗОО Скопје: АХв изврши масакр на здрави украсни птици

ЗОО Скопје: АХв изврши масакр на здрави украсни птици

Останува забраната за пиење вода од струмичкиот водовод

Останува забраната за пиење вода од струмичкиот водовод

Низата на „интересни“ ликови продолжува: Претседателката ја намали казната и на иницијаторот за укинување на Законот за СЈО

Низата на „интересни“ ликови продолжува: Претседателката ја намали казната и на иницијаторот за укинување на Законот за СЈО

Утре Мицкоски ќе ја пречека Фон дер Лајен, потоа исплата од 52 милиони евра

Утре Мицкоски ќе ја пречека Фон дер Лајен, потоа исплата од 52 милиони евра