23 Јули, 2024
0.0261

ФАКТОР АНАЛИЗА: Само модата никогаш не излегува од мода! Кои се омилените модни продавници во кои лани потрошивме над 134 милиони евра?

Објавено во: Економија 20 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

На македонскиот моден пазар во континуитет главниот збор го водат неколку големи компании кои се претставници на големи светски модни брендови. Според остварените приходи во големата тројка се увозниците на „Зара“, „Ваикики“ и „Фешн груп“

Кој не сака убава и брендирана облека? Модата никогаш нема да излезе од мода. Анализата на податоците за најголемите десет модни брендови во Македонија покажува дека нашите граѓани сакаат да купуваат убави и трендовски модни парчиња облека. А и бројките го потврдуваат тоа. Лани во десетте најголеми компании специјализирани за облека сме испазариле над 134 милиони евра. Во споредба со претходната 2022 година нивниот промет е поголем за безмалку 30 милиони евра. А тоа е зголемување од 27,5 отсто. Машала! Не штедиме пари за добра гардероба.

Најголем учесник на малопродажниот моден пазар лани била македонската филијала на глобалниот бренд „Зара“ или скопската компанија ИХТР Македонија. Нејзината продажба е нешто под психолошката граница од 50 милиони евра промет за една година. Кај таа компанија има силен раст на продажбата во споредба со претходната година. За нејзините продукти лани сме платиле 20 милиони евра повеќе од тоа што било купено во 2022 година. Оваа компанија лани оствари профит од 3 милиони евра што ја прави најпрофитабилна компанија од оваа дејност лани во Македонија.

Втор на листата најголеми продавачи на облека кај нас е турскиот моден гигант „ЛЦ Ваикики“. Неговата продажба достигна 38,4 милиони евра што е за 2 милиони евра подобар резултат во однос на претходната година.

ЦМ Делта е скопска компанија која обединува продажба на повеќе глобални брендови облека меѓу кои се : „Лакоста“, „Гант“, „Поло Ралф Лорен“, „Томи Хилфигер“, „Келвин Клајн“, ОБЦ Кидс“ и други. Лани ова друштво оствари приход на друштвото кој изнесувал 3,7 милиони евра.

Скопското друштво „Магнетик“ долги години е присутно на пазарот и оперира со бројни брендови од модната индустрија кои ги носи и продава на македонскиот пазар. Приходот на друштвото лани изнесува 6,5 милиони евра и неговата добивка е 85.000 евра. 

Најголеми компании за брендирана облека според приходи во 2023 година

И компаниите на групацијата со префиксот „Фешн“ долги години се присутни и етаблирани на македонскиот пазар за облека. Лани три од нив се меѓу најголемите компании за продажба на облека, а „Еурофешн трејд“ е меѓу трите најголеми со приход што надмина 11 милиони евра. Заедно со другите две компании на листата „М.Г. Фешн“ и „Фешн Груп“ продажбата надмина 23 милиони евра.

На листата на десет најпопуларни продавачи на облека се уште македонската филијала на „Њу Јоркер“, „Том Тејлор“ и турскиот бредн „Котон“.

Најголеми компании за брендирана облека според профит во 2023 година

Р.Ф.

Фото: Притнскрин/Х

Можеби ќе ве интересира

ПАД НА ПРОДАЖБАТА НА СТАНОВИ И КУЌИ НИЗ ЕВРОПА: Еве каде најмалку купуваат „покрив над глава“

ПАД НА ПРОДАЖБАТА НА СТАНОВИ И КУЌИ НИЗ ЕВРОПА: Еве каде најмалку купуваат „покрив над глава“

ПОДЕМ НА ПАТУВАЊАТА СО ВОЗ: Кина изброја над 300 милиони железнички патнички патувања досега во летниот метеж

ПОДЕМ НА ПАТУВАЊАТА СО ВОЗ: Кина изброја над 300 милиони железнички патнички патувања досега во летниот метеж

Николоски: Владата ќе бара дел од средствата за изградба на пруга до Бугарија, да се пренаменат за брзата пруга на Коридорот 10

Николоски: Владата ќе бара дел од средствата за изградба на пруга до Бугарија, да се пренаменат за брзата пруга на Коридорот 10

БИЗНИСМЕНОТ АЗМАНОВ ОТКРИВА: Да, точно е дека продавам акции, а со парите сакам повторно да градам во Македонија, но ако тука не бива, ќе одам во Грција

БИЗНИСМЕНОТ АЗМАНОВ ОТКРИВА: Да, точно е дека продавам акции, а со парите сакам повторно да градам во Македонија, но ако тука не бива, ќе одам во Грција

Еден е Ворен Бафет од Пласница! Како „Пуцко Петрол“ од алашвериш со акции на ОКТА за еден ден заработи 7 милиони евра?

Еден е Ворен Бафет од Пласница! Како „Пуцко Петрол“ од алашвериш со акции на ОКТА за еден ден заработи 7 милиони евра?

МИСЛЕА ДЕКА РАБОТАТА ЌЕ ДОЈДЕ САМА АКО ИЗГРАДАТ КУЌА И БАЗЕН - Вилите на море во една туристичка земја зјаат празни

МИСЛЕА ДЕКА РАБОТАТА ЌЕ ДОЈДЕ САМА АКО ИЗГРАДАТ КУЌА И БАЗЕН - Вилите на море во една туристичка земја зјаат празни

КРИС ПАВЛОВСКИ Е СО МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО, РАБОТИ СО ТИМОТ НА ТРАМП ВО РАЗВИВАЊЕ НА RUMBLE - премиерот откри интересни детали

КРИС ПАВЛОВСКИ Е СО МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО, РАБОТИ СО ТИМОТ НА ТРАМП ВО РАЗВИВАЊЕ НА RUMBLE - премиерот откри интересни детали

Агенцијата за енергетика стана дел од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини

Агенцијата за енергетика стана дел од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини

ВОЗАЧИ, НОВО ПОЕВТИНУВАЊЕ НА ГОРИВАТА: Еве ги новите цени, ќе важат од полноќ

ВОЗАЧИ, НОВО ПОЕВТИНУВАЊЕ НА ГОРИВАТА: Еве ги новите цени, ќе важат од полноќ