18 Мај, 2024
0.0348

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Jaнкулоска однесена во Идризово, се појавија проблеми со платформата за онлајн учење

Објавено во: Македонија 28 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

ГОРДАНА ЈАНКУЛОСКА Е СПРОВЕДЕНА ВО ЗАТВОР

По пресудата на Врховниот суд , надлежниот судија издал налог за  спроведување на екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска  во затворот Идризово, објави Канал 5.

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, во октомври 2018 е осудена на шест години затвор од страна на судот во случајот „Тенк“ за набавката на блиндираниот Мерцедес.

ПАЃАШЕ ПЛАТФОРМАТА ЗА ОНЛАЈН УЧЕЊЕ

Од денеска голем број родители на помалите ученици, но и учениците од погорните одделенија кои се обидуваат да се вклучат на веб страницата на Единствената национална платформа за онлајн учење жалат дека не може да се логираат.

Некои пак кои ќе успеат да влезат на платформата преку адресата www.schools.mk, за кусо време го имаат истиот проблем.

-Да се надавеме дека овој проблем ќе го имаме само овие два дена. Можеби се уште се тестира, но ако и понатаму се соочуваме со вакви проблеми, тешко дека ќе имаме успешна настава. Инаку сите треба да се логираме, без разлика што моите две деца ги пријавив за настава со физичко присуство. И нам ни дадоа лозинки, тоа е за секој случај, ако додје до ескалација на состојбата со крона кризата, да може сите ученици да продолжат со образовниот пртоцес онлајн.

ДЕНЕСКА ИМА МАЛ БРОЈ НА ИНФИЦИРАНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Во континуитет последните два месеца во понеделник бројот на новозаразени е мал бидејќи лабораториите во недела не работат. 

Денеска, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 387 тестирања, а регистрирани се 48 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-20, Куманово-3, Дебар-1, Прилеп-3, Тетово-1, Струмица-4, Кочани-9, Пробиштип-1, Пехчево-1, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-2. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 61 оздравен пациент од: Скопје-21, Куманово-3, Штип-2, Тетово-5, Струга-6, Битола-1, Гостивар-4, Гевгелија-2, Крива Паланка-2, Радовиш-3, Кочани-6, Пробиштип-2, Виница-2, Свети Николе-1, Кичево-1. 

Во болнички услови се починати 4 пациенти од Скопје (73 и 62г), Куманово (69г) и Тетово (72г).

ВОСПИТУВАЧКА ВО БИТОЛА ЗАРАЗЕНА СО КОРОНАВИРУСОТ

Уште еден нов случај на ковид е потврден во градинката „Коца Василева“ во Битола, каде на вирусот е позитивна воспитувачка, поради што во целата група во која има 13 деца сега е во изолација и пор редовен надзор на матичните лекари.

За телевизијата Тера, директорката на градинката, Снежана Тодоровска изјави дека станува збор за кластер надвор од градинката и дека од моментот кога по епидемилошка анкета имало сомнеж за контакт со позитивно лица, таа не се појавила на работа. 

Тодоровска истовремено посочува дека веднаш биле известени родителите и дека немало никаков проблем. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

На само неколку дена пред стартот на одложената учебна 2020/2021 година, и родителите и учениците, но и самите наставници се уште се во неизвесност како ќе стартува целиот процес со онлајн образованието. 

Соња Трифуновска, одделенски наставник од основното училиште „Гоце Делчев“ во Тетово со голема посветеноста работи на снимање на видео лекции и презентации, и верува дека ако сите вложат труд и работат со ентузијазам, оваа учебна година ќе биде успешна и покрај пандемијата на коронавирусот.

На нашиот пазар има шест производители на флаширана вода кои направиле приходи поголеми од еден милиони евра лани.

Купувањето онлајн и дигитализацијата одамна се реалност во светот. Во последен период, пред сè поради новонастанатата состојба со коронавирусот, граѓаните во Македонија почнаа да ги менуваат своите навики за купување, а со тоа се наметна потреба за побрза имплементација  и развој на онлајн пазарите.

Дали штедачите кои имаа поголеми влогови од 30 илјади евра во Еуростандард банка ќе останат, условно речено, со куси ракави?

Можеби ќе ве интересира

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза