ФАКТОР НА ДЕНОТ: Aрбен Таравари ја напушта Владата, оди во опозиција
Објавено во: Македонија 12 Мај, 2025 22:05
ТАРАВАРИ ОДИ ВО ОПОЗИЦИЈА
Алијанса за Албанците (AA) oди во опозиција. Вечерва ја донесоа одлуката.
„Централното претседателство и претседателите на ограноците, одлучија да одат во опозиција“, објави Таравари по состанокот.
До оваа одлука дошле поради незадоволства, при што ги спомена балансерот и Законот за јазиците. Таравари рече дека ќе му се вратат на граѓанинот и дека Алијанса за Албанците е уникатна партија.ПРОТЕСТИРАШЕ НЕЗАВИСНИОТ СИНДИКАТ НА ПОЛИЦИЈАТА
Откако денеска протестираше Независниот синдикат на полицијата во Скопје, од Министерството за внатрешни работи(МВР), велат дека секој има право да протестира, а незадоволството не е насочено кон Министерството.
„Од јавно достапните информации, може да се заклучи дека незадоволство што e изразено преку овој протест, не е насочено кон МВР, туку кон постапувањето на одредени судови во процесите каде полициските службеници ги остваруваат некои свои права“, додаваат од МВР.
Тврдат дека постојано работат на унапредување на стандардот на полициските службеници, унапредување на работните услови и враќање на достоинството на полициската професија.МИЦКОСКИ РАСКАЖА ШТО СЕ СЛУЧИЛО НА 16 МАРТ ГОДИНАВА
Говорејќи на Самитот „Македонија 2025“, премиерот Христијан Мицкоски денеска кажа кој бил најтежниот ден во неговиот живот.
Рече дека тоа бил 16 март годинава, денот кога се случи пожарот во Кочани каде загинаа 62 луѓе.
„Беше околу 3:30 наутро кога некој затропа на вратата од мојот дом. Пред мене стоеше човек од обезбедувањето на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Не знаев што се случува, бидејќи телефонот не го погледнав додека спиев. Кога ја видов пораката, веднаш се мобилизирав и заедно со мојот тим се упативме кон Кочани“, вели Мицкоски.ЗЕЛЕНСКИ ВО ИСТАНБУЛ ЌЕ ГО ЧЕКА ПУТИН, МОЖНО Е ТАМУ ДА БИДЕ И ТРАМП
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во четврток ќе оди во Турција, каде очекува дека ќе дојде и неговиот руски колега, Владимир Путин.
Тој реагираше на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека може да се приклучи на мировните преговори во Истанбул. Зеленски кажа дека тоа ќе биде важен чекор.
„Само што ја слушнав изјавата на претседателот Трамп. Многу важни зборови“, напиша Зеленски на X.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати
„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“
УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра
Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“
НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“
„ОВК НЕ БЕШЕ КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, СЕ БОРЕШЕ ЗА ЕДНАКВОСТ НА АЛБАНЦИТЕ“: Протест за поддршка на осудените водачи на УЧК
ДЕТАЛИ ЗА ПАДНАТИОТ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО: Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“




