14 Декември, 2025
0.2015

ЦЕНИТЕ НА ЦРЕШИТЕ ГИ ШОКИРАА КУПУВАЧИТЕ: Ќе имаме ли домашни и колку ќе чинат?

Објавено во: Македонија, Агробизнис 12 Мај, 2025 07:36

Добивај вести на Viber

Граѓаните реагираа за високите цени на килограм цреши кои достигнуваат до 1.200 или 1.300 денари, а овоштарите од земјава велат дека летово нема да има доволно овошје и секако ќе биде поскапо.

Во однос на црешата, очекуваат многу помал род од претходните години, но се согласуваат дека цените поради кои граѓаните се бунат, се навистина високи. Дел од овоштарите велат дека летово црешата ако ја има на пазарите, би чинела околу 200 денари за килограм. Општо, повеќето овошни дрвца пролетва претрпеа штета, измрзнаа и ова лето овошјето ќе биде скапо.

„Наши уште нема, тие цреши сигурно се увезени. Цената на нашите ќе зависи колку ќе има род, но од тоа што ги гледаме дрвцата,  кајсии нема, праски исто, црешите ќе бидат помалку од пола, времето не им оди во прилог, топло, ладно. Таа цена oд 1.300 денари е превисока. Немаме претстава колку би чинеле нашите цреши годинава, важно е само да биднат. Не би требало да бидат повеќе од 200 денари, но зависи кој како ги одгледува, дали ги прска, колку му се трошоците за кроење. Сигурно овошјата ќе бидат скапи ова лето. Јас не би купила толку скапи цреши од 1.200 денари“, вели овоштар од селото Виниче.

Купувачите откако ги виделе цените во маркетите, дури споредија дека килограм цреши чини колку ноќевање во Дојран. Некои се збуниле и мислеле дека се работи за грешка. Според граѓаните, цените „дивеат“ и навистина би било тешко еден родител да му угоди на детето ако сака цреши кои чинат 20 евра за килограм.  Велат дека да се купи половина килограм или 300 грама, би поминале поевтино, но практично  ќе земат малку, колку да пробаат.

„За наш стандард е премногу. Реално да зборуваме, 1.300 денари се премногу. Може да се помине и без нив. Како луксуз ќе бидат, не се како компир или друг продукт со кој може да се направи ручек и сите да јадат. Во другите држави, според стандардот, таа е цената. Имам другар кој од  Грција ги увезе за 9.5 евра. Македонска цреша мислам нема да има годинава, уништена е. И да има, тоа е мал процент, птиците ќе го уништат остатокот. Моите се уништени 100 отсто, и во Преспа правев муабет, исто, и во Охрид е уништено“, вели Александар Јанески, овоштар од битолско.

Минатиот месец, измрзнаа многу овошни насади во земјава. За високите цени на црешите деновиве пишуваа и медимите во регионот. Турските цреши ги има на бугарските пазари и чинат 40 евра за килограм. Ги продаваат во чаши од 100 грама за 4 евра, потврдил Коста Петров, претседател на Бугарското здружение на праски во Сливен. Според податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС), лани се произведени 5.537 тони цреши, во 2023 година количината била 3.928 тони, а во 2022 година 5.768 тони. Но, претходно, имало и години кога производството на цреши во Македонија било над 6.000 тони. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово