18 Мај, 2024
0.0287

„Фактор“ истражува: Кои се најдобро платени банкарски службеници во Македонија?

Објавено во: Економија 08 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Просечната плата во НЛБ Тутунска банка е повисока за 10.500 денари од истата во Стопанска банка Скопје, а 100 евра повисока од просекот во „Комерцијална банка“ Во Македонија банкар да си! Не вели попусто изреката која добива вредност на народна мудрост. Банките важат за солидни, грижливи и дарежливи работодавци на нивните вработени. Истражувањето на „Фактор“ покажа дека е така. Затоа што просечната месечна нето плата лани во НЛБ Тутунска банка била 45.900 денари што е повеќе од двапати повеќе од просечната македонска плата. Лани 802 вработени во НЛБ Тутунска банка биле плаќани со годишен буџет за плати кој изнесува 441,8 милиони денари на нето основа. Оваа банка вложува во своите вработени. Во претходната 2013 година буџетот за плати бил 416 милиони денари, а бројот на вработени изнесувал триесетина лица помалку отколку во 2014 година. Освен ова НЛБ Тутунска банка за успешна работа на одреден број свои вработени и на членови на раководни структури им исплати надоместок за успешна работа во вкупен износ од 1 милион евра. Во „Стопанска банка Скопје“ просекот на нето плата лани бил 35.398 денари односно 10.500 денари помалку од најдарежливата НЛБ Тутунска банка. Таа банка вработува 1.042 вработени и лани оствари нето добивка во износ од 24,55 милиони евра. Фондот за нето плати на таа банка лани изнесувал 442,6 милиони денари. Во споредба со 2013 година фондот за нето плати бележи речиси незабележливо намалување во износ од неполни 5 милиони денари. Извештајот за 2014 година на оваа банка покажува дека политиката на банката е солидно да ги стимулира вработените кои се истакнуваат по своите резултати од работење како и членовите на управниот одбор на банката. За награди на 29 лица меѓу кои се и членовите на Управниот одор на „Стопанска банка Скопје“ лани биле исплатени 78,12 милиони денари во бруто износ. Доколку даночната стапка е таа која важи за персоналецот тогаш излегува дека во нето износ овие 29 лица поделиле меѓусебе (веројатно не линеарно туку според позициите и заслугите) износ од над 71 милиони денари односно околу 1,15 милиони евра! Просечно по вработен наградата изнесува речиси 40.000 евра! Фантастична сума за македонски услови. Но има и зошто вработените се наградени во историски најуспешната година за оваа банка во која како што напишавме добивката беше рекордни 24,5 милиони евра. Вработените на „Комерцијална банка“ се во златна средина на трите најголеми банки во земјава од аспект на просечна плата. Од аспект на оставрена нето добивка се далеку послаби од нивните ривали на македонскиот банкарски пазар. Податоците покажуваат дека фондот за плати на оваа банка , која вработува најмногу лица во споредба со другите две банки, изнесувал лани 530 милиони денари за нето плати. Тој фонд бил користен за исплата на 1.110 вработени на банката. Нивната просечна плата е 39.790 денари. Сто евра послабо од Тутунска банка, а 4.400 денари подобро од колегите од Стопанска банка Скопје. bankar2 Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа