19 Мај, 2024
0.0257

Фабриката во Сопиште ги имала сите потребни дозволи, повредените и натаму се борат за живот

Објавено во: Економија 25 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Комисијата за анализа на постапката за давање согласност на фирма за вршење дејност за пиротехнички средства, што ја формираше Министерството за економија веднаш по експлозијата во фабриката за пиротехника ДПТ ИЦЕМАК ДОО во Сопиште, утврдила дека фирмата ги имала сите потребни дозволи и тие биле издадени согласно предвидената процедура. „ДПТ ИЦЕМАК ДОО поседува согласност за вршење промет на вооружување и воена опрема, според донесената Одлука од Владата на Република Македонија, од 11.12.2012 година, согласно Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема, при што е запазена процедурата за добивање согласност за вршење дејност. Во документацијата друштвото има и одобрение за производство и промет на пиротехнички производи за временска модификација, забава и обука издадено од МВР на 10.06.2009, согласно Законот за зашита од експлозивни материи и Законот за промет на експлозивни материи, Решение за вршење на дејност – промет на големо со хемикалии во посебен магацински простор, издадено од Министерство за здравство на 17.07.2009, како и Решение за употреба на предметниот деловен објект, издадено од посебно формирана комисија од експерти и претставници од МВР и МО, определена од Општина Сопиште за работилници за производство на пиротехнички производи и администрација“, појаснуваат од Министерството за економија. Во денешниот полициски билтен се наведува дека МВР и натаму презема мерки за утврдување на причините заради кои настанала експлозијата, во која беа повредени четири лица, од кои три потешко. Според МВР, во погонот за производство на пиротехнички материјали додека вработените Ж.А. (59), Д.К. (27), Г.Ј. (39) и З.С. (51) изработувале калапирање на гази во еден момент дошло до искрење на некоја од газите по што настанала експлозија и пожар. Состојбата на тројцата повредени работници, меѓу кои има и една жена, и натаму е исклучително сериозна, потврди и министерот за здравство Никола Тодоров. Двајцата пациенти примени во ГОБ „Наум Охридски“ имаат изгореници од 3 степен на поголема површина од телото и дишните патишта и се приклучени на апарати. Пациентката која е хоспитализирана на КАРИЛ има изгореници од 4 степен. Тодоров посочи дека сите пациенти се под постојан мониторинг и се прават напори за одржување во функција на нивните витални органи.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа