09 Мај, 2024
0.0247

Евтини кредити за погодените фирми: Владата подготвува мерки

Објавено во: Економија 16 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Општ хаос и загриженост владее во македонските компании кои се директно погодени од ширењето на Кoвид - 19 во Европа, во регионот и во земјава. И покрај тоа што и властите и самите стопанственици убедуваат дека здравјето има приоритет, познавачите се согласуваат дека економските последици ќе бидат големи. Додека стопанството укажува дека за брзо време ќе имаат проблем со ликвидноста, од Владата стасуваат и некои позитивни сигнали дека можна е помош. Според информации на Фактор, можно е уште денеска или најдоцна следните три дена да има мерка со која ќе се одреди некаква буџетска поддршка за најпогодените компании. Поддршката ќе биде слична како и во другите земји односно најверојатно во форма на поевтини кредити за фирмите. Тоа го најави и техничкиот премиер Оливер Спасовски.

„Паралелно со грижата за здравјето на граѓаните работиме на тоа да заздрави економијата и правиме напори за воведување мерки за економјата да може да живее. За таа цел направивме средби со стопански комори, со гувернерот на Народната банка за да ги видиме сите информации околу фискалните импликации. Економскиот тим на владата од утре ќе почне со мерки за македонската економија, како и директна помош на економијата, особено за оние сектори кои се најпогодени, рече синоќа Спасовски.

Првичната помош нема да биде огромна, но како ќе се одвиваат процесите ќе се носат и други мерки.

Вчера претседателот на Организацијата на работодавачи, Ангел Димитров рече дека Ковид -19 ќе удри на ликвидноста на фирмите и побара итни мерки. 

„ Компаниите по 15 или 20 дена можат да имаат проблеми со исплатата на платите. Затоа под итно се потребни мерки во делот на олабавување на монетарната политика, Упрвата за јавни приходи исто да не им испорачаува казнени камати на компаниите, рече Димитров.

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески рече изминатиов викенд дека мора да им се помогне на домашните компании.

-Не може да се очекува дека никој нема да биде оштетен во текот на расчистувањето на состојбите. Тоа значи дека степенот на барањата на компаниите и реалната можност на државата да одговори на нив треба да бидат избалансирани и со упорни преговори да се приближуваат ставовите. Искуствата од досегашните кризи низ кои сме поминале зборуваат дека мора да се спасат компаниите зашто со тоа се спасува државата. Сведоци сме дека во целиот свет се истураат милиони и милијарди за спас на компаниите и затоа ја охрабруваме Владата тоа да го има предвид. Но, и компаниите мора да бидат реални во своите барања, вели Азески.

А.Т.

Угостителите бараат државата да им врати со олеснувањата.

Македонската чевларска и кожарска индустрија ќе биде една од најпогодените во првиот удар од ширењето на коронавирусот во Европа.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување