ЕВРОСТАТ: Во оваа земја граѓаните се најмалку „културни“
Објавено во: Балкан 27 Септември, 2017
Граѓаните на Хрватска ретко одвојуваат време за посета на некој културен настан.
Според истражувањето на Европската комисија, на прашањето „Дали во последно врме сте посетиле некоја културна устанува“, според одговорите, Хрватите се наоѓаат нajдолу во табелата.
Во текот на 2015 година 42,4% од жителите на ЕУ постари од 16 години посетиле историски споменици, музеи, уметнички галерии или археолошки наоѓалишта барем еднаш во годината, пишуваат хрватските медиуми.
Во тој период само 19,2% од вкупниот број испитани граѓани на Хрватска посетиле некоја културна установа.
Статистиката од две години претходно, односно од 2013 година покажува дека граѓаните во северна Европа одвојуваат време за културата. Граѓаните на Шведска, Данска, Холандија, Естонија, Франција читаат книги, а мал процент тоа го прват и во Грција и Романија на пример.