04 Мај, 2024
0.0265

ЕВРОПСКИТЕ ФОНДОВИ ВО НАСОКА НА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА НА КОМПАНИИТЕ

Објавено во: Економија 09 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

На прес-конференцијата на Стопанската комора на Македонија беа истакнати проектите кои имаат за цел зголемување на конкурентноста на македонските компании, а се реализираат преку програмите на Европската унија (9.7.2018 година).

Зголемувањето на капацитетите и конкурентноста на компаниите е еден од главните приоритети на Стопанската комора на Македонија, и во таа насока се реализираат активности поврзани со проекти од фондовите на Европската унија, коишто треба да придонесат за креирање на алатки и услуги кои ќе ги поттикнат растот, иновативноста, извозните капацитети  и конкурентноста на македонските  компании.

„Како резултат на малата искористеност на европските фондови од страна на компаниите, Комората користејќи ги своите можности и капацитети во моментот реализира бројни проекти кои се во насока на поддршка на поединечни сектори, зависно од расположивите програми на Европската унија, креирајќи дополнителни можности за самите компании да го подигнат својот капацитет, да го зголемат капацитетот на своите вработени или конкретно да им се помогне на компаниите да креираат нови иновативни производи кои се барани на европските пазари, или нови технолошки процеси кои ќе ги задоволат стандардите и барањата за конкурентни извозни можности“, - истакна Јадранка Аризанковска, виш советник во Стопанската комора на Македонија.

Како поддршка на градежниот сектор, а во насока на креирање  дополнителни капацитети на вработените за имплементирање на параметрите за енергетска ефикасност во градбите од  1 мај 2018 година започна со реализација Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE).

Активностите што ќе се реализираат во следниот период се планирани во повеќе области со цел постигнување поголем број од резултатите предвидени да се постигнат со реализација на проектот. Така, еден сегмент на дејствување е кон натамошно подобрување на вештините на градежните работници за градење енергетски ефикасни објекти преку обука и преквалификации, со цел да се постигнат параметрите на ЕУ „Стратегијата 2020“ за енергетска ефикасност. Во таа смисла, Проектот „TRAINEE“ ги надградува веќе постигнатите резултати во претходните два реализирани проекта од страна на Стопанската комора на Македонија како што беше Проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност 2014-2016“, каде повеќе од 300 работници поминаа обука за градење на енергетски ефикасни објекти и повеќе од 1000 работници се здобија со сертификат за поседување вештини за енергетска ефикасност во градби врз база на моделот за препознавање на претходно стекнати вештини. Во рамките на првиот проект „Градење на вештини за енергетска ефикасност 2012-2013“ беа реализирани и  развиени тренинг шеми и проширување на обуките и на градежните професионалци - архитекти, инженери и техничари. И двата проекта придонесоа за подигање на капацитетите на градежните работници за енергетска ефикасност во градби.

Во Проектот (TRAINEE), а со цел да се постигне мултидисциплинарен пристап кај одржливото градење, ќе биде иницирана примената на алатки за информациско моделирање на градби (BIM-building information modeling) на национално ниво. Примената на „БИМ“-алатката, што е едно од барањата на новите правила за јавни набавки на Европската комисија, во доменот на градежништвото, ќе се спроведе со иницирање широка акција за подигање на свеста кај сите засегнати страни од градежниот сектор (градежните компании, инженерите, архитектите, работниците), но и инвеститорите и одговорните владини институции, како и крајните корисници на објектите, преку низа активности, работилници, семинари и други промотивни настани. Целта е преку примената на „БИМ“-алатките да се постигнат и да се прикажат енергетските заштеди кои се резултат од примената на мерки за енергетска ефикасност во процесот на градење.

Проектот ќе има влијание врз креирање политики за одржливо градење преку предлози за интервенции во законодавството со поттикнување на примена на Правилникот за енергетски карактеристики на градби, предлог-методологија за препознавање на претходно учење, предлог-патоказ за воведување на „БИМ“ (алатки за информациско моделирање на градби) на национално ниво.

Градењето капацитети на техничките вештини се однесува на подготовка на иновативни шеми за обука и стекнување  квалификации преку неформалното образование, со што како потенцијални корисници би биле опфатени: 200 градежни компании, 100 провајдери на неформално образование, 4000 градежни професионалци и 9600 градежни работници (бројки дефинирани во Патоказот за развој на вештини за енергетска ефикасност).

Вториот проекткој во моментот се спроведува во Стопанската комора на Македонија и е во партнерство со Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, наменет е за подигање на капацитетите и конкурентските способности на електрометалната индустрија  и воведување системи во самите компании за создавање нови производи, воведување нови технолошки процеси или воведување стандарди кои ќе овозможат соработка со постојните и идни странски инвеститори во Македонија.

Во рамките на овој проект ќе се спроведат теоретски и практични обуки во самите компании, кои, по претходно изготвена анализа, покажаа интерес и способност за конкретна соработка со компаниите кои се дел од странските инвеститори во државата.

Конкретно ќе биде реализирана обука на вработените во 10-15 компании со врвни пристапи кон новите модели на менаџмент, како и  индустриските проекти во 5 компании во траење од 10-12 месеци, што треба да претставуваат мост и елиминирање на пречките за соработка меѓу странските инвеститори и домашните компании. Како резултат на Проектот компаниите кои ќе бидат обучени треба да реализираат конкретна соработка со некоја од компаниите кои се странска инвестиција во Македонија.

  Долгорочно со овој проект се очекува раст на конкурентноста на домашните компании од металната и електрометалната индустрија и зголемување на вработувањата во овој сектор, како и постигнување на високо ниво на спроведување на современи модели на менаџмент.

Паралелно со овие два проекта во Стопанската комора на Македонија се реализира Проект кој е насочен кон подобрување на капацитетите на компаниите за спроведување на регулативите, УСАИД Проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, каде главни бизнис сектори кои се опфатени со овој проект  се:  земјоделието и прехранбената индустрија, текстилот, градежништвото, ИТ и  туризмот, каде детално се анализирани сите регулативи за овие сектори. Преку овој проект каде Стопанската комора на Македонија е партнер заедно со останатите стопански комори целиме кон подобра информираност и поддршка на компаниите во делот на спроведување на законската регулатива, со цел да се намалат прекршоците и да се зголеми капацитетот на компаниите за подобра имлементација на законите.

Преку бројни активности, како што се информативни настани и форуми по одредени теми од интерес на компаниите, преку ваучер-шемата каде компаниите добиваат конкретна поддршка во имплементација на одредена законска регулатива, преку веќе воспоставениот агрегатен портал БИЗНИСРЕГУЛАТИВА.МК каде компаниите добиваат информации поврзани со законите во РМ и поддршка во нивната имплементација, преку воспоставување на јавно приватен дијалог со владините институции со цел презентирање на конкретни проблеми со кои се соочуваат компаниите од аспект на проблеми во имплементација на законите и нивно решавање, и преку конкретни компаративни анализи и предлог-конкретни решенија овој проект цели кон воспоставување на подобро бизнис опкружување.

Ова се дел од проектите кои во моментот ги спроведува Стопанската комора на Македонија, а се во интерес на креирање алатки за подигање на конкурентноста на македонските компании. Во идниот период се очекува  отворање на дополнителни фондови од страна на ЕУ,  кои ќе бидат во насока на јакнење на конкурентските способности на економијата.

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски