18 Мај, 2024
0.0470

Европскиот парламент побара прекин на преговорите со Турција

Објавено во: Балкан 06 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Европскиот парламент (ЕК) усвои резолуција земјите од ЕУ да ги прекинат преговорите за членство со Турција, ако властите во земјата не ги изменат уставните реформи, одобрени на референдумот на 16 април. За поддршка на резолуцијата гласале 477 пратеници, а против неа биле 64, додека воздржани биле 97 лица.

Во резолуцијата се наведува дека Европскиот парламент и препорачува на Европската комисија (ЕК) и земјите членки да ги прекинат преговорите за пристапување на Турција во ЕУ, ако "уставните реформи бидат применети без измени", гарантирајќи го принципот за поделба на власта.

Европратениците се загрижени за влошувањето на ситуацијата во Турција во областа на владеењето на правото, човековите права, слободата на медиумите и борбата против корупцијата. Тие остро ја осудуваат еднократната поддршка за воведување на смртната казна декларирана од претседателот на Турција  Европратениците потсетуваат дека тоа би го ставило под прашање членството на Турција во Советот на Европа и би довело до итен прекин на преговорите за пристапување кон ЕУ.

Земајќи го предвид резултатот од неуспех на неодамнешниот референдум во Турција во врска со проширувањето на овластувањата на претседателот, европратениците ја повикуваат Комисијата и земјите членки веднаш да престанат официјално со преговорите за пристапување на Турција, ако пакетот уставни реформи биде усвоен непроменет.

Европратениците нагласуваат дека 2016 година беше тешка за населението на Турција како резултат на континуираната војна во Сирија, големиот број бегалци, серијата жестоки терористички акти и обидот за преврат.

Тие го осудуваат обидот за преврат и изразуваат солидарност со народот на Турција, но во исто време сметаат дека донесените владини мерки се несразмерни и имаат негативно влијание врз голем број граѓани. Станува збор за колективното отпуштање на државни службеници, масовното затворање на медиуми, апсењата на новинарите, судии, бранители на човековите права, како и затворањето на училишта и универзитети.

Постапката за престанок на преговори за пристапување кон ЕУ е изложена во членот 5 од Рамката за преговори со Турција. Во него се наведува дека во случај на тешка и континуирана повреда на принципите на слобода, демократија, почитување на човековите права, основните слободи и владеењето на правото, кои се фундаментални за ЕУ, од страна на Турција, тогаш ЕК по своја иницијатива или на барање од една третина од државите членки може да препорача одложување на преговорите и услови за евентуално продолжување.

Турскиот министер за прашањата на ЕУ Омер Челик вели дека земјата не ја прифаќа одлуката на ЕП и смета дека таа е "исклучително политичка". Турција ги отфрли предлозите за откажување од преговорите за пристапување кон Европската унија во корист на соработката во други области, категоричен беше турскиот министер.

Можеби ќе ве интересира

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?