18 Мај, 2024
0.0376

Европска Енергетска Заедница: Македонија вози рикверц!

Објавено во: Економија 09 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

„Република Македонија го пропушти рокот за имплементација на Третиот пакет од 1 јануари 2015 година. Измените и дополнувањата на Законот за енергетика, во октомври 2014 година создадоа неколку случаи на непочитување на Договорот, вклучувајќи пречки за отворање на пазарот, прекин на веќе постоечките права, подобности и превенција на регионална интеграција на пазарот. Затоа, итно е потребно донесување на нови закони за да се надминат не само нарушувањата усвоени во октомври 2014 година, туку и да се обезбеди соодветно транспонирање на барањата на Третиот пакет, особено во смисла на отворање на пазарот, раздвојување и ефикасна регулаторна моќ и независност. Сите пречки за трговијата и за интеграција на пазарот треба да се отстранат, вклучувајќи ги пречките од фискална природа.

Прекумерно регулирање на цените, како што се регулирање на цени на големо, мора да се отстранат без одлагање. Обврските за јавните услуги треба да се применат само како алатка за надминување на неуспех на пазарот а не како инструмент со кој се попречува развојот на пазарот. Македонија мора ефикасно да ги имплементира нејзините Пазарни правила, особено во делот на набавка за балансирање на енергијата и утврдување на цените за помошни услуги и балансирање на енергија“, стои во извештајот на Енергетската заедница.

Македонија од лидер во реформи на енергетскиот пазар, сега заостанува а реформите може да се каже дека дури се во обратна насока, оценува Енергетската заедница во годишниот извештај наменет за спроведување на реформи од Третиот енергетски пакет. Дополнително се потенцира дека земјата има мал напредок во однос на независност на регулаторните тела, но дека тие допрва треба да станат активни во отворањето на енергетските пазари.

"Имплементацијата на Третиот енергетски пакет, нуди можности за отворање на пазарот, интеграција на прекуграничниот пазар во корист на индустријата и на крајот енергетските потрошувачи. Фаќајќи ги овие можности тоа ќе значи модернизација на енергетскиот сектор, која се 'уште останува итност за сите наши земји. Ќе биде тешко за оние кои нема да се вклучат во процесот сега, (особено во Босна и Херцеговина, како и Македонија,) да се израмат со фаворитите,“ се потенцира во извештајот.

Се оценува дека претходните постигнувања на Македонија во однос на реформите сега се уназадуваат особено со измените на Законот за енергетика од октомври 2014 година во електроенергетскиот сектор.

„Земјата сега може да биде и единствена во Европа, каде што на клиентите им се негира право да го изберат својот снабдувач, клучен принцип за правото на ЕУ. Има некои симпатии за фрустрација на земјата со нејзиното искуство во процесот на пристапување во ЕУ, и Секретаријатот ќе се обиде се да се вклучи во конструктивен дијалог со Владата во насока на надминување на сегашната состојба“, се наведува во извештајот.

Со измените на Законот за енергетика, со кои беше одложена либерализацијата на енергетскиот пазар, согласно која секое домаќинства ќе можеше само да одлучи од каде ќе набави струја, сега според извештајот на ЕЗ, граѓаните се принудени да останат во заробеништво до 2020 година, до кога во три фази треба да биде завршена целосно либерализацијата.

Европската заедница појаснува и дека во јануари 2015 година на Секретаријатот отворил прекршочна постапка против Република Македонија за нејзиниото непочитување на правила.

Замерка има и во делот на законската регулатива за спроведување на тендерите за набавка на струја од страна на компаниите кои се во државна сопственост, при што се потенцира дека тие тендери се многу комплицирани, што се смета како уште еден дополнителен начин да се спречи отворање на пазарот, но се објаснува и дека има допополнителни пречки кои, како што се вели се штетни за пазарот.

Дополнително, во извештајот сериозна забелешка е упатена и за тоа што раздвојување на компаниите за пренос и дистрибуција се уште не е соодветно имплементирано.

Во годишниот извештај за спроведување на Третиот пакет, Секретаријатот го оценува напредокот постигнат од страна на договорните страни на енергетската заедница во спроведување на законодавството на Енергетската заедница во периодот од септември 2014 до септември 2015 година, и вклучува поглавја за електрична енергија, гас, нафта, националните регулаторни органи, обновливите извори на енергија, енергетска ефикасност, животна средина, конкуренција и статистика.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа