18 Мај, 2024
0.0298

Европарламентот го замрзна укинувањето на визите за турските граѓани

Објавено во: Балкан 11 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Европскиот парламент ги запира дискусиите за обезбедување на безвизен режим на Турција, а причината се неисполнетите услови од страна на оваа земја.

„Претседателот на ЕП Мартин Шулц рече дека прашањето ќе биде отворено за дебата повторно кога сите 72 услови ќе бидат исполнети“, изјави денеска холандската европратенички Јудит Сипел.

Шулц не гледа „никакви шанси“ за склучување на договор за безвизен пристап на турски граѓани во шенген зоната, пренесе и Deutsche Welle. Според него „сосема не може да станува збор за тоа“ дека Европскиот парламент ќе започне преговори за ова прашање, ако Анкара не ги исполни сите услови за укинување на визите. По негова проценка Турција засега не исполнила 5 од 72-те услови поставени од ЕУ. Шулц смета дека Турција треба да одлучи кога нејзиниот парламент ќе ги испитува овие точки.

„Невозможно е за Турција да прифати измени во антитерористичкиот закон, бидејќи веќе ги исполнува стандардите на ЕУ. Усвојувањето на промени во антитерористочното законодавство не е елемент од планираниот виза договор со Европа“, ја коментира темата турскиот министер за европски прашања Волкан Бозкир.

Минатата недела ЕК му предложи на Европскиот парламент и на Европскиот совет визите за турските граѓани да бидат укинати од 1 јули. Повлекувањето на влезните документи за ЕУ ​​беше меѓу најважните точки од договорот за бегалците меѓу Анкара и Брисел.

Потсетуваме дека Бугарија прва потпиша со Турција протокол за прифаќање и враќање на мигранти.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМНА ДА ЗАРАБОТИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА - хотелите во Белград пребукирани, еве колку кревети останаа

СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМНА ДА ЗАРАБОТИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА - хотелите во Белград пребукирани, еве колку кревети останаа