18 Мај, 2024
0.0306

Европа со забрзан чекор напред во борбата со дијабетот, Македонија рикверц

Објавено во: Македонија 13 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Секое утро кога ќе ги отворам очите и кога ќе го измијам лицето, првата мисла ми е да направам проверка на гликемијата на гладно. Од резултатот што ќе го прочитам на апаратчето пресметувам колку инсулин ќе внесам во моето тело, колку храна -јаглени хидрати ќе има мојот доручек. И оваа постапка ја повторувам минимум четири пати во текот на денот, а понекогаш и повеќе од тоа- вака почнува секој нов ден за Бојан Киров кој има дијабет од своето раѓање. Вели потребата за квалитетен апарат кој ќе покажува веродостоен резултат од кој понатаму зависи текот на денот е клучен за нормален живот. Кратењето на државниот буџет за здравството за еден милион евра вели ќе удри директно на грбот на пациентите.

“Ваквата одлука неможе да се оценува, ова е преседан од прв ред. Ние лицата со дијабетес незнаеме и испраќаме отворено прашање до Министерството за здравство врз база на кои критериуми и параметри ја донеле оваа одлука. Кого консултираа за ваквата одлука, кои комисии, кои експерти, зошто не не прашаа нас пациентите?Дали кога го донесоа буџетот на 17.10.2016 год направија превид во пресметките или направија математички грешки, па буџетот од 620 милиони денари сега на 03.04.2017 год го намалуваат за 10% односно за 62 милиони денари? Годишната инциденца на ново дијагностицирани лица со дијабетес е 10% на годишно ниво. За жал во моментов пациентите со дијабетес се обслужуваат со апарати кои се со сомнителен квалитет”- вели Киров.

За лицата со дијабетес, буџетскиот рез како што вели ќе значи уште еден чекор назад во поглед на Европските и светските достигнувања. Со претходниот буџет според Киров едвај биле задоволени месечните потреби на инсулини во инсулинските аптеки, па многу често во различни градови ни Македонија се случувало да нема одредени типови на инсулини.

“Исто така со претходниот буџет добивавме и сеуште добиваме глукометри -апарати за мерење на шеќерот со ИСО стандарди кои едвај задоволуваат некои минимални стандарди. За квалитетот да не правиме муабет.Да се живее со дијабет не е голем хендикеп, доколку државата тоа Ви го овозможи. А под поимот овозможи се подразбира, да имате квалитетно апаратче за проверка на шеќерот, редовно да биде достапна терапијата во инсулинските аптеки и квалитетни игли”- објаснува Киров.

Се претпоставува дека во земјава има околу 40.000 дијабетичари на инсулин од кои 4.000 деца и уште отприлика 140.000 на таблетарна терапија кои се потенцијални пациенти за да прејдат на инсулинска терапија.

“Инсулинот се подига од инсулинските аптеки кои се наоѓаат во склоп на Здравствените Домови (Поликлиниките). Надлежни за достава на инсулините во овие аптеки се од МЗ. За квалитетот не сум компетентен да дадам одговор, но постојат основани сомневања дека инсулините доаѓаат од различни места на дистрибуирање. Турција е државата од каде се внесуваат инсулините во Македонија, но се губи трагата на ладниот ланец и од тука се раѓа сомнежот за квалитетот на истиот. Но за ова одговор треба да дадат надлежните институции, пред се Министерството”- потенцира Киров.

Потенцијални последици од лошо регулиран дијабетес се слепило, оштетување на бубрезите и белите дробови и појава на гангрена на долните екстремитети, која може да заврши и со ампутација. Оттука вели е потребна стратегија и контрола за здравствената состојба на пациентите како и здравствено-социјална политика која трајно ќе ги реши проблемите.

“Кај децата на пример, треба да се зголеми бројот на инсулинските пумпи на годишно ниво. Имено со последниот тендер, државата обезбедува само 25 пумпи годишно, кои им се даваат првенствено на децата кои имаат предност. Пумпите значително ја подобруваат регулацијата на шеќерот, го олеснуваат животот на децата со тоа што нема 4 пати во денот боцкање, туку пумпата се носи прикачена за телото и таа има софтвер кој самиот вбризгува инсулин во телото ( се разбира пумпата се сетира за секој пациент индивидуално) но се избегнува неколку кратното боцкање во текот на 1 ден. Кај нас повторно се увезуваат застарени пумпи, кои чинат околу 2.000 евра, додека новите пумпи кои се значително поусовршени со вградени мерачи на шеќерот во самите нив, чинат повеќе, но такви пумпи кај нас не се увезуваат”- додава Киров.

Состојбата со дијабетот вели е негово секојдневие кое се труди да го постави на сигурни темели. Внимава на храната и лековите но сака и да спортува. Македонија минатата година вели учествуваше со своја Дијабетес репрезентација во футсал на Европско првенство во Сараево. Тоа според Киров е настан кој ги обединува луѓето со дијабетес од цела Европа, на кој што приоритет се става на едукација на дијабетичарите за поквалитетна регулација на дијабетесот. Дополнително се покажува дека и овие лица можат да се занимаваат професионално со било кој спорт. Годинава ги чека учество на натпреварот Диа Еуро 2017 кој што ќе се одржува во Романија.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност