ЕВРОПА ЈА ТРЕСЕ ГРЕГЗИТ: Што ако Грците се свртат кон доларот?
Објавено во: Балкан 16 Февруари, 2017
Соседна Грција размислува за излез од еврозоната и прифаќање на американскиот долар.
Ова го најави американскиот професор, Тед Малох.
Британскиот дневник „Independent“ потсетува дека Малох е еден од кандидатите за нов американски амбасадор во ЕУ.
„Познавам некои грчки економисти кои отидоа во американската истражувачка организација поради разговори за оваа тема и прашањата на доларизација. Таквата одлука, нормално, би ги преплашила Германците бидејќи тие не сакаат да слушаат такви идеи“- изјави Малох.
Смета дека Грегзит би бил најдобрата опција за Грците затоа што моменталната ситуација е „неодржлива“.
Ова не единствена ваква најава во Европа. И Марин Ле Пен од Националниот фронт доколку победи во Франција на претседателските избори, вети дека ќе го врати еврото и ќе распише референдум за излез од ЕУ.