10 Мај, 2024
0.0548

Европа ја спушта рампата, граѓаните ќе ги сведат патувањата на минимум, а многу агенции ги чека клуч на врата

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 01 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Откако ЕУ ја тргна Македонија од листата на безбедни земји поради високиот број на заразени со коронавирусот, од туристичките агенции се загрижени за својот опстанок и велат дека многу фирми ќе мораат да затворат.

Објаснуваат дека мерките кои ги донесоа нашите власти, но и ограничувањата за патувања во европските земји ги „закопаа“. Велат дека ако лани беа на раб на егзистенција, сега ќе биде уште полошо. Додаваат дека дури и од грчките партнери имаат реакции и тие сакаат да ја прекинат соработката затоа што сезоната и онака е при крај. Им пречи тоа што во земјава епидемиолошката состојба е лоша. 

„Ако ги погледнете понудите на агенциите ќе видите дека се вртиме околу 3-4 дестинации. Ограничени сме на Турција и Албанија, а ги немаме познатите европски центри и не можеме да понудиме некои егзотични дестинации. Дури и да има финансиски можности, народот веќе е изморен од тестирање, рестрикции и едноставно не знам каде е излезот од оваа ситуација. Ако вака продолжи, многу агенции ќе се затворат, вработените ќе останат без плати, семејствата без приходи, а државата без даноци“, вели Александар Чоневски, управител на „Игуана Травел“ од Скопје.

Веќе има и откажувања на аранжманите откако стана јасно дека ќе има ограничувања за патувања во странство.

„Телефоните ѕвонат, луѓето се јавуваат, при што некои откажуваат, а некои прашуваат дали ПЦР тестот е на нивни трошок, што ако се заразат во странство и слично. Мерките се менуваат постојано, и едноставно работата паѓа во вода. Тури за 8 Септември и 11 Октомври тешко дека ќе има во вакви околности. Се очекува мртов период, а подобрување евентуално може да има дури идната година. Оваа зима мислам дека ќе биде исто како лани, и дека нема да имаме работа“, додаваат од туристичка агенција од Велес.

Од „Данибела турист“ од Тетово наведуваат дека многу работи за граѓаните се нејасни, ограничувања има и затоа  се откажуваат од намерата да патуваат.

„Се откажуваат патувањата кои беа планирани по 10 септември и работа нема да има, затоа што многу земји воведоа тестови за нашите државјани, а народот е исплашен“, додаваат од оваа агенција.

Македонските граѓани повторно ќе се соочат со ограничувања и построги контроли при несуштинските патувања во Европската Унија, како тестирање за коронавирус и карантин. Покрај Македонија, од листата се тргнати и САД, Израел, Косово, Либан и Црна Гора. И земјите од регионот донесоа нови анти ковид мерки, поради експанзија на бројот на заразени. Од 6 септември секој што влегува во Албанија мора да има доказ за вакцинација, негативен ПЦР тест или потврда дека го прележал вирусот. И во Црна Гора повеќе нема слободен влез за луѓето од регионот.

Сите кои планираат да излезат од државата, според најновите мерки на Владата донесени синоќа, на граница треба да покажат сертификат за вакцинација, сертификат дека прележале ковид или негативен ПЦР тест. Ова важи од денес. 

Сања Атанасовска

foto unsplash.com

Можеби ќе ве интересира

НИКОЛОВСКИ: Пред нас следува период на внатрешна реформа и реорганизација, по која СДСМ ќе биде обединет

НИКОЛОВСКИ: Пред нас следува период на внатрешна реформа и реорганизација, по која СДСМ ќе биде обединет

OПЕРАЦИЈА „БУМЕРАНГ“: Боки 13 поднесе кривични против Русковска, Заев и други функционери

OПЕРАЦИЈА „БУМЕРАНГ“: Боки 13 поднесе кривични против Русковска, Заев и други функционери

ТИЕ СЕ МЛАДИ, АВАНГАРДНИ И САКААТ ПРОМЕНИ - кои се шестемина пратеници на Левица во законодавниот дом

ТИЕ СЕ МЛАДИ, АВАНГАРДНИ И САКААТ ПРОМЕНИ - кои се шестемина пратеници на Левица во законодавниот дом

МАКРОН НА МАКЕДОНСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ДО ДАВКОВА: Франција останува на страната на Северна Македонија

МАКРОН НА МАКЕДОНСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ДО ДАВКОВА: Франција останува на страната на Северна Македонија

ЧЕРНЕВА: Oдлагањето на уставните измени е трагична загуба на време на жителите на Северна Македонија

ЧЕРНЕВА: Oдлагањето на уставните измени е трагична загуба на време на жителите на Северна Македонија

По една година пронајдено лицето што го запали мостот Беласица

По една година пронајдено лицето што го запали мостот Беласица

ВАНКОВСКА ЗА ЧЕСТИТКАТА НА ЗЕЛЕНСКИ ДО ДАВКОВА: „Немојте после дека не сум предупредила јавно - почело је почело“

ВАНКОВСКА ЗА ЧЕСТИТКАТА НА ЗЕЛЕНСКИ ДО ДАВКОВА: „Немојте после дека не сум предупредила јавно - почело је почело“

СЕ ОГЛАСИ И ФИЛИПЧЕ: Ќе продолжел да работи како член на СДСМ

СЕ ОГЛАСИ И ФИЛИПЧЕ: Ќе продолжел да работи како член на СДСМ

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО, ГО ПОЗДРАВИ АХМЕТИ ЈАДЕЈЌИ БИСКВИТА: „Поздрав Али“

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО, ГО ПОЗДРАВИ АХМЕТИ ЈАДЕЈЌИ БИСКВИТА: „Поздрав Али“