05 Декември, 2025
0.0696

Европа ја надмина Азија по број на смртни случаи од Ковид-19

Објавено во: Свет, Корона Вирус 19 Март, 2020 09:28

Добивај вести на Viber

Во светски рамки, 219,000 луѓе се заразени со вирусот корона, безмалку девет илјади умреле, а 85.000 се излечиле. Во Европа, бројот на починати ја надмина Азија, а најтрагично е во Италија, потоа Шпанија и Франција. 

Вчера беше најтрагичниот дневен биланс во Италија досега - 475 жртви, од кои 319 во Ломбардија, вкупно нешто помалку од 3.000 во таа земја, 35.000 заразени и 4.000 закрепнати. Таков е билансот и покрај карантинот што е во сила веќе две недели и беше воведен од надлежните за да се запре ширењето на вирусот корона.

"И покрај трагичниот биланс во изминатите 24 часа, охрабрувачки е што се опоравија илјада и 800 лица. Ова е важно за нас; бројот на случаи е зголемен за 37 проценти. Имавме постојан, нагорен тренд во текот на целата недела", вели  Анџело Борели, министерот за цивилна заштита.

Безмалку 600 луѓе починале во Шпанија, а 13.000 биле заразени. Во тек е истрага за причината за смртта на 17 пензионери од еден старечки дом во Мадрид, со десетици, наводно, заразени. Во Франција, бројот на заразени лица се зголеми за 16 проценти за само еден ден. Во Велика Британија, бројот на загинатите достигна 104, а од утре нема да работат училиштата. Германската канцеларка Ангела Меркел побара од сонародниците да ги следат строгите мерки за да и помогнат на нацијата да се справи со пандемијата.

"Ситуацијата е сериозна и вие ја сфаќате сериозно. Нема таков предизвик за земјата од крајот на Втората светска војна, затоа што ние толку многу се потпираме на нашата целокупна солидарност. Ве уверувам дека владата прави се што може за да ги ублажи ударите по нашата економија и пред сè работните места за да бидат заштитени. Ќе обезбедиме доволно храна, ги повикувам граѓаните да не складираат, бидејќи ова е манифестација на недостаток на солидарност. Ова е историски предизвик и можеме да го надминеме само заедно ”, рече Меркел.



* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници

Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници

Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна

Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна

Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?

Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?

„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите

„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите

Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро

Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро

Украински дронови погодија цели во Чеченија, удар за Ахмат

Украински дронови погодија цели во Чеченија, удар за Ахмат

Романија, Бугарија и Ирак се соочуваат со клучни одлуки за Лукоил и роковите на САД

Романија, Бугарија и Ирак се соочуваат со клучни одлуки за Лукоил и роковите на САД

БРИСЕЛ ГОРИ ПО „ПАДОТ“ НА МОГЕРИНИ: Конфликтот во ЕУ се разгорува, се подготвува ново гласање за недоверба?!

БРИСЕЛ ГОРИ ПО „ПАДОТ“ НА МОГЕРИНИ: Конфликтот во ЕУ се разгорува, се подготвува ново гласање за недоверба?!

РУБИО ОТКРИ КАЈ Е ГЛАВНИОТ СПОР ЗА МИР ВО УКРАИНА - дваесет проценти од Доњецка Народна Република

РУБИО ОТКРИ КАЈ Е ГЛАВНИОТ СПОР ЗА МИР ВО УКРАИНА - дваесет проценти од Доњецка Народна Република