12 Мај, 2024
0.0233

ЕВН Македонија додели помош за социјално загрозените

Објавено во: Мои пари 28 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

ЕВН Македонија во пресрет на новогодишните и божиќните празници,  реализираше серија донации за деца од повеќе училишта и домови во државата, а за социјално загрозените семејства донираше пакети со прехранбени производи во Македонската православна црква и Исламската верска заедница, информираат од компанијата.

- Со искрени желби за среќна Нова година и со соодветни подароци, Управниот одбор ги посети Домот за деца без родители „11 Октомври“, училиштето за деца со посебни потреби „Златан Сремец“, како и децата од Ромскиот едукативен центар „Сумнал“ во Скопје. Празнични пакетчиња им беа поделени и на децата од СОС Детското село, како и на социјално загрозените дечиња од општина Шуто Оризари. Претставници на компанијата ги посетија и „Домот за доенчиња“ во Битола и регионалниот центар за деца со посебни потреби во Демир Капија и во Банско - Струмица, соопшти ЕВН Македонија.

ЕВН Македонија, се посочува во соопштението, заедно со Црвениот крст ја реализира и новогодишната хуманитарна акција „Да споделиме радост“, со која над 1.500 деца од социјално загрозените категории, децата со пречки во развојот и инвалидитет, штитеници на домови за грижа на деца, згрижувачки центри за деца од улица и други ранливи категории од 13 градови низ земјава, од 20 до 30 декември 2012 година, имаат можност да уживаат во новогодишни претстави, пакетчиња и фотографирања со Дедо Мраз.

Можеби ќе ве интересира

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“