ЕВЕ КОЈ КУПУВА АКЦИИ ВО РЕПЛЕК - Владимир Пецовски сега поседува 6,31 отсто од акционерската сопственост
Објавено во: Економија 06 Април, 2024
Фармацевтската компанија „Реплек“ како и секогаш транспарентно известува кој купува акции во неа.
„Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација: Постапувајќи согласно член 38 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, Реплек АД објавува дека акционер со над 5 отсто Пецовски Владимир се стекна со 5 нови акции, со што поседува вкупно 1.635 обични акции или 6,31 отсто од вкупниот број на акции.
Исто така членот на Управен одбор Котески Коста се стекна со 4 нови акции, при што вкупно поседува 30 обични акции“, се вели во објавата од компанијата.