03 Мај, 2024
0.0246

Еве кој е најбогатиот човек на Балканот

Објавено во: Стил 28 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Најбогатиот бизнисмен во регионот е Ивица Тодориќ, сопственик на концернот Агрокор, објави хрватскиот „Јутарњи лист“. Вредноста на прехрамбено-трговскиот концерн на берзата достигнала 573 милиони евра, така што Тодориќ е за четири пати „потежок“ од следниот на листата хрватски богаташи. Тодориќ е за 160 милиони евра побогат од вториот богаташ на регионалната листа – Словенецот Санди Чешк, кој со Дормео и со ТВ продажбата, Топ Шоп, стекнал 410,6 милиони евра.