29 Април, 2024
0.0241

Еве кои туристи даваат најголем бакшиш

Објавено во: Стил 05 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Американците можеби се најлошите туристи во светот, но судејќи според најновото истражување, барем со таа репутација не се здобиле поради оставањето на мал бакшиш. Истражувањето, кое го спроведе ТрипАдвајзр откри дека 57 отсто од Американците секогаш оставаат бакшиш на своите патувања, што ги става на второ место, веднаш зад Германците (69 проценти). Резултатите се засовани на истражувањето, кое вклучи девет илјади патници од осум земји: Бразил, Франција, Германија, Италија, Русија, Шпанија, Англија и САД. Шестнаесет отсто од Американците изјавиле дека се свесни оти спаѓаат меѓу нациите кои оставаат добар бакшиш, бидејќи тоа е вообичаена пракса во САД, која ја продолжуваат и во другите земји. Американците најмногу им оставаат бакшиш на вработените во хотелите (78 отсто), на собарките (76 отсто) и на шанкерите (75 отсто). Погледнете ја комплетната листа: 1. Германци 2. Американци 3. Руси 4. Бразилци 5. Французи 6. Британци 7. Шпанци 8. Италијанци.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти