18 Мај, 2024
0.0278

Еве како Lidl воведува ред на касите

Објавено во: Свет 16 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Трговскиот ланец Лидл одлучи да преземе мерки со цел да промовира здрава исхрана, особено кај децата. Имено, Лидл од своите 600 продавници, ќе ги отстрани сите грицки и слатки кои најмногу ги мамат најмладите. Но не грижете се. Тие ќе бидат отстранети само од касите. Оваа иницијатива е поведена од искуството, децата кои имаат обичај да одат на каса, додека чекаат ред, земаат цело брдо грицки и слатки. Како би се избегнала оваа лоша пракса, Лидл во своите продавници, воведува ред. Од касите ќе бидат отстранети сите оние примамливи работи и ќе бидат заменети со поздрава, алтернативна храна, јаткасти плодови и сушено овошје. Овој популарен ланец, на тој начин, ќе даде свој удел во борбата против дебелината кај децата и ќе ги поттикне родителите да издржат во обидот поздраво да ги хранат своите деца. Во денешно време, се потешко се носат со овој проблем, бидејќи чоколатцата и слатките се секаде околу нив. На овој (не)популарен потег Лидл се одлучи откако најновото истражување, спроведено во Велика Британија, покажало дека половина милион Британци до 2050 година ќе бидат дебели. Директорот на британскиот Лидл изјави дека Лидл ќе биде првиот ланец кој ќе воведе целосна забрана за продажба на нездрави грицки на пултовите околу касите. „Нашата цел, не е само ширење на свеста за рамнотежна исхрана и здрав начин на живот, туку, на нашите купувачи да им овозможиме тоа полесно да го спроведат во пракса. Занеме како е тоа тешко, па на овој начин сакаме да им олесниме на родителите“, ги објаснува своите намери директорот на Лидл во Британија.   А.А.

Можеби ќе ве интересира

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата