02 Мај, 2024
0.0238

Еве каде се најсреќните работници во светот

Објавено во: Стил 20 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Во светот најзадоволните работници се Холанѓаните, а веднаш зад нив се американците, иако голем дел од вработените во САД воопшто не го користат годишниот одмор. Интересно е дека ниту едните, ниту другите не можат да се пофалат со голем број платени неработни денови, но сепак се лидери во задоволството од својата работа. Дури 80 проценти од анкетираните вработени Холанѓани изјавиле дека се многу задоволни, а истиот одговор го дале и 73 проценти од Американците, иако за голем дел од нив, годишниот одмор не е платен, пишува Atlantic magazine. Тоа покажува дека платениот одмор не е предуслов за задоволство на работниците. Од својата работа задоволни се и 57 проценти од Италијанците, иако имаат платени 20 денови годишен одмор и дополнителни 11 денови како државни празници. Најмногу платени неработни денови во ЕУ имаат жителите на Австрија, односно 22 дена годишен одмор и 13 дена државни празници.