14 Мај, 2024
0.0323

ЕУ ВОВЕДУВА СТРОГИ КОНТРОЛИ: Подгответе се за долги чекања на границите!

Објавено во: Свет 17 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Заканите на тероризам и организиран криминал ја принудија Европската унија на измена на Законите за шенгенските граници.

Таквите измени се споменуваат како услов системот на слободно движење внатре во шенгенскиот простор, кој е едно од највидливите достигнувања на ЕУ интеграциите , воопшто да се одржи.

Според предлозите кои ги претстави ЕК и кои ги поддржа европскиот совет, во иднина ќе се регистрираат сите патници кои влегуваат и излегуваат на надворешните граници на ЕУ.

Досега се регистрираа само оние кои не се државјани на ЕУ, Швајцарија, Исланд и Норвешка, а отсега тоа ќе се однесува и на нив.

Затоа и постојат посебни ленти на граничните премини и посебни кабини на аеродромите за граѓаните на ЕУ и оние НЕ од ЕУ. Не е тешко да се предвиде дека тоа ќе создаде дополнители гужви и ќе го забави преминот на тие граници, посебно во време на годишни одмори.

Така преминот на границата со Хрватска од правец на Србија БиХ и Црна Гора ќе трае нешто подолго од досега, бидејќи граничните полицајци нема да ги погледнат документите и фотографијата, туку вас и ќе ве регистрираат.

Што се однесува до тие граници со Словенија и Унгарија кои се двете дел од шенгенскиот простор, ќе се настојува да се најде решение според кое регистрацијата не би требало да ја прават словенски и хрватски гранични полицајци, туку ќе биде доволно тоа да го направи само една страна.

Како што е на пример хрватската граница кон Србија, БиХ и Црна Гора надворешна граница на ЕУ,  а таа кон Словенија и Унгарија надворешна граница на Шенгенот, кога новите мерки стапат на сила би можеле да го забават преминот на границите.

Затоа и Хрватска и Словенија на самитот на ЕУ во Брисел бараа флексибилен пристап како би се оставила можност за решение кое не би довело до значајно забавување на сообраќајот и протокот на услуги и луѓе.

Целиот проблем настана откако измнатите години се откри дека некои од терористите, кои организирале и извршија напади во Европа и секаде во светот, исто така биле државјани на ЕУ кои уживаа слободно движење, без тоа дали се регистрираат во системот па тешко било да се следат каде се движат.

Како мерка за јакнење на контролата се воведува системот Етиас, според кој лицата кои не се ЕУ државјани сами мораат по пат на интернет однапред да се регистрираат во системот и да најават доаѓање во ЕУ, да платат 5 евра за регистрација и тогаш може внатре 5 години слободно да патуваат во државите на ЕУ. Важно е службите на ЕУ да знаат кој влегува и излегува од Унијата.

Европскиот совет го поздрави договорот за ревидираниот Закон за шенгенските граници  со кој се воведуваат системски контроли за сите патници кои ги поминуваат надворешните граници на ЕУ, земајќи предид специфични состојби на некои земји членки-реченица која од самитот праќа порака дека во понатамошен процес се бара решение кон кое тежат Словенија и Хрватска.

Идејата е да, ако патниците се регистрираат на хрватската граница, не мора да бидат регистрирани од Словенија, туку е доволно тоа да се направи само еднаш. Хрватска секако тежи кон членство во шенгенот, со што проблемот би исчезнал барем на границата на Хрватска со Унгарија и Словенија, додека Хрватска во име на цела ЕУ би требало да регистрира сите личности кои влегуваат од територијата на јужните соседи.

Можеби ќе ве интересира

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков