02 Мај, 2024
0.0287

ЕУ удри по автомобилските картели - казна од пола милијарда евра

Објавено во: Финансии 22 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Европската комисија казни четири компании од автомобилската индустрија поради тајно здружување во картели. Компаниите ќе мора да платат вкупна парична казна од 546 милиони евра. Станува збор за картели во бродскиот превоз на нови возила, како и во производството на свеќици и системи за кочење.

- Картелите на крај им наштетија на европските потрошувачи и негативно влијаеа на конкуретноста на европскиот автомобилски сектор, во кој во ЕУ се вработени околу 12 милиони работници - изјави еврокомесарката за пазарна конкуренција Маргрет Вестагер.

Во секторот транспорт на автомобили, камиони, трактори и останати големи возила казнети се чилеанскиот бродопревозник ЦСАВ, јапонските превозници „К-лајн“, МОЛ и НЈК, како и норвешко-шведската компанија ВВЛ-ЕУКОР, и тоа за картелско здружување во периодот 2006-2012 година. Според ЕК, овие компании ги транспортирале речиси половина од автомобилите од размената на ЕУ со останатите делови на светот во 2016 година, пренесува „Јутарњи лист“. 

ЕК наведе дека добила информации за уште два картела на пазарот за системи за кочење, во периодот 2007-2011 година, во чии активности учествувале германските компании „Бош“ и „Континентал“, како и ТРВ, поранешната американска компанија која сега исто така е во германска сопственост.


Можеби ќе ве интересира

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција