30 Април, 2024
0.0312

ЕУ поздравија, Спасовски и Османи летаат во Брисел

Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Владина делегација предводена од премиерот Оливер Спасовски и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи од денеска е во дводневна работна посета на Брисел.

Посетата следува по усвојувањето на Законот за јавно обвинителство и распуштањето на македонскиот Парламент синоќа по што се распишаа и изборите кои ќе се одржат на 12 април. Европските претставници го поддржаа донесувањето на Законот вчера попладнето.

„Премиерот Спасовски ќе има свое обраќање на Меѓународната донаторска конференција „Заедно за Албанија“ во Европската Комисија, а ќе се сретне и со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, претседателот на Европскиот Парламент Давид Мариа Сасоли, претседателката на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лејен, како и комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија Оливер Вархеји, стои во известувањето од Влада. 

Синоќа пред почетокот на неформалната вечера која ја организира претседателот на Европски совет Шарл Мишел за лидерите од Европската Унија и од Западен Балкан, Жозеп Борел високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност рече дека носењето на законот е важен чекор за земјата. 

„Законот е уште еден важен чекор за имплементација на реформите и покажува дека (Северна Македонија) има волја да направи се што е потребни за земјата да има европска перспектива, посочи Борел.

Тој додаде дека денеска и утре ќе се разговараа за Европскиот совет да ја отвори вратата за европската перспектива на регионот.

Претседателката на Европска Комисија, Урсула фон дер Лајен истакна дека Западен Балкан е поблиску до Европска Унија и оти се надева дека Северна Македонија и Албанија можно е да почнат преговори пред Самитот на ЕУ во Загреб.

„Од друга страна создаваме одлична перспектива за земјите од Западен Балкан со текот на времето земјите да станат членки на ЕУ. Исто така сакаме да го отвориме патот за Северна Македонија и Албанија да започнат со преговори ако е можно и пред самитот на ЕУ во Загреб. За самиот Самит подготвуваме пакет за инвестирање и искрено се надевам дека СЕ ќе даде зелено светло, рече таа.

Претходно, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ истакна дека проширувањето на ЕУ повторно е ставено на дневен ред и оти е најважно да се дојде до договор за отпочнување на преговори со Северна Македонија и со Албанија, но оти и другите теми се добредојдени.

„Атмосферата е поинаква во однос на октомври минатата година и се движи кон донесување позитивни одлуки за отпочнување на преговори со Северна Македонија и со Албанија, што треба да биде направено пред мај. Така атмосферата ќе биде попозитивна и земјите ќе добијат од Европската комисија пакет за инвестиции и нивно подобро позиционирање, што ќе придонесе за економскиот развој на земјите во регионот, посочи Пленковиќ.

Додека министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Никола Димитров пред вечерата алудираше на слетувањето во главниот град на Белгија и нашите обиди за почеток на преговори со Унијата.

– Кружевме три пати пред да слетаме. Затоа можам тоа да го споредам со нашите обиди да почнеме преговори. Имавме три Европски совети на коишто не можевме да слетаме. Се надевам ќе успееме во четвртиот обид. Јас морам да ја претставувам Северна Македонија наместо претседателот или премиерот, истакна Димитров.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија