27 Април, 2024
0.0300

ЕУ и САД му објасниja на ВМРО-ДПМНЕ: Брисел очекува широка коалиција за справување со предизвици меѓу кои е и името

Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Од ВМРО-ДПМНЕ вчера  побараа објаснување од Брисел да кажат врз кој дел од Уставот на Македонија, ЕУ очекува Претседателот Ѓорѓе  Иванов да определи лидер за формирање на „што е можно поширока Влада“. 

Портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич, денеска одговори на прозивката за нејзината претходна изјава. 

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Коцијанчич во име на неформалната влада на Европската унија, денеска повтори дека официјален Брисел очекува широка владина коалиција за справување со сите предизвици, откривајќи дека меѓу нив е и „решавање на билатералните прашања“, што се разбира дека е спорот за името со Грција.

„Ние мислевме на потребата да се има широк политички консензус и широка коалиција, така што земјата ќе може да се справи ефикасно со многуте предизвици што претстојат. Спроведувањето на Итните реформски приоритети, договорот од Пржино и решавање на билатералните прашања во исто време ќе бара силна посветеност од сите политички партии. Затоа, ние ги поздравуваме тековните напори на претседателот Иванов да се ангажира со сите политички партии“ - изјави таа. 

Коцијанчич наведе и што очекува ЕК во однос на формирање уставно мнозинство во македонскиот Парламент.

„Сите главни партии изјавија дека се за реформската агенда за ЕУ и се согласуваат дека патот кон Унијата е стратешка цел на земјата. Ако тие работат заедно кон оваа заедничка цел, тие ќе имаат де факто уставно мнозинство што е важно на патот на европската интеграција“ - додава Коцијанчич. 

Европската комисијата денеска ги поздрави тековните напори на претседателот Иванов за средби со лидерите на политичките партии, кои се сметаат за клучни за одлуката кому ќе му се додели мандатот. Амбасадата на САД во понеделникот, соопшти дека го набљудува процесот на формирање влада и ги повика партиите да продолжат со разговорите за формирање нова влада. Вчера ВМРО-ДПМНЕ побара од Амбасадата, јавно да каже дали е против идејата на партијата да се одржат нови избори.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“