14 Мај, 2024
0.0277

ЕУ го усвои последниот закон за укинување на роамингот

Објавено во: Свет 25 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Советот на Европската унија (ЕУ) го усвои конечниот законодавен акт, според кој од 15 јуни се укинува мобилниот роаминг на територијата на Заедницата. Тоа го објавија од прес-службата на Европската комисија.

Станува збор за правилата кои ги ограничуваат максималното ниво на плаќањата помеѓу мобилните оператори за услуги на претплатниците во цела Европа. Од 15 јуни максималната маржа која националните оператори ќе можат да ја стават на странски мобилни компании за да им служи на клиенти на нивна територија (во рамките на ЕУ) не треба да надминува 0.032 евра за минута разговор и 0,01 евра за SMS. Освен тоа таксата за мобилен интернет во странство (во ЕУ) ќе се намалува постојано од 7,7 евра за 1GB во 2017 година до 2,5 евра за 1GB во 2022 година. Набргу по 15 јуни тој ќе биде воведен и во Исланд, Лихтенштајн и Норвешка.

Новите горни граници на големопродажните цени беа потребни за да се осигура дека операторите се во можност да им понудат на своите клиенти роаминг без дополнителни трошоци и без да ги зголемуваат внатрешните цени. 

„Кога Европејците одат на летен одмор (во рамките на ЕУ), за прв пат ќе бидат во можност да ги користат своите мобилни телефони и интернет насекаде“, - пишува во соопштението на ЕК.

До намалувањето на роаминг доаѓа после години на тешки преговори со телефонските компании. Мобилните оператори можат да ја компензираат елиминацијата на роаминг со покачување на цените на услугите на националните пазари. Европската комисија ќе направи проверка на текот на услугата и на договорите меѓу мобилните оператори по две години.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи