17 Мај, 2024
0.0306

ЕУ ГО ПРЕДУПРЕДИ КАМЕРОН: Ова ти е последна шанса!

Објавено во: Свет 19 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Првиот дел од преговорите на европските претставници во Брисел каде речиси цела ноќ се расправаше за мигрантската криза и положба на Велика Британија внатре во ЕУ, се завршени во раните утрински часови.

Од салата прв излегол британскиот премиер, Дејвид Камерон со претстедателот на Европската комисија Доналд Туск. Иако многу медиуми пренесоа дека Камерон ги напуштил преговорите, таа информација не била точна а понатамошни дискусии се очекуваат околу 12 часот.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/BBCNews/status/700565431409635329?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

На преговорите помеѓу останатото станало збор и за предлогот кој го поддржала Франција а во кој се наведува дека Британија не би можела понатаму да преговара за своето членство во Унијата, доколку биде изгласано нејзино напуштање. Камерон на состанокот е предупреден од европските претставници како нема да добие друга шанса, доколку сега не се постигне договор.

Непосредно пред да бидат прекинати преговорите, Туск истакнал како е „направен напредок, но дека сепак треба уште многу да се работи“.

Европските лидери, понудија различни решенија за договор на мигрантската криза за која исто така се расправаше. Покрај овие прашања, постојат уште четири битни прашања кои треба да се решат. Едно од нив е политиката кон мигрантите од ЕУ кои во Британија доаѓаат во потрага по работа. Италијанскиот премиер Матео Ренци истакнал дека е „помалку оптимист“ од што бил порано.

Ренци: Миграционата криза е заеднички проблем

„Миграционата криза е заеднички проблем на сите држави членки на ЕУ. Ако не покажете солидарност, тогаш земјите кои најмногу допринесуваат на буџетот на ЕУ би можеле кон вас да бидат помалку солидарни“, рекол Ренци пред европските колеги во текот на синоќешната вечера, пренесе Ројтерс.

Ренци им се заканил на источноевропските земји со намалување на развојните фондови од ЕУ кои се наменети за нивните најсиромашни региони, додава британската агенција. Во екот на најголемата миграциона криза во Европа после Втората светска војна, Унгарија, Полска, Словачка и Чешката Република се меѓу најгласните противници за плановите на ЕУ за трансфер на барателите на азил, кои пристигнуваат во јужна Европа, во други држави членки на ЕУ.

Околу третина од седумгодишниот буџет на ЕУ вреден билион евра за период од 2014 до 2010 година е издвоен за проекти во сиромашните, повеќе бивши комунистички земји и региони од 28 члениот блок низ таканаречени „структурални фондови“.

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра