18 Мај, 2024
0.0310

ЕУ ги дисциплинира финансиските пазари

Објавено во: Свет 17 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Европската унија планира, во рамки на новиот договор за спречување на потенцијалните банкарски кризи во иднина, да ги заостри прописите за финансиските пазари, јавува Танјуг. По две години тешки преговори, Европскиот парламент и преговарачите од 28 земји членки, постигнаа договор кој предвидува нови прописи за регулирање на финансиските пазари, познати под називот "MiFID II", пренесува Франс прес. „Најновите прописи ќе го подобрат функционирањето на финансиските пазари, што ќе и биде во корист на реалната економија. Превземени се клучни чекори кон воспоставување на побезбеден, поотворен и поодговорен финансиски систем, и кон враќање на довербата на инвеститорите по финансиската криза“, изјави европскиот комесар за финансиски пазари, Мишел Барније. Барније уште во 2011 година, на врвот од дложничката криза во еврозоната, прв се заложи за нови прописи, кои имаат за цел да го ограничат ризичното тргување со сировини и да го регулираат високиот интензитет на тргувањето заради подобра заштита на инвеститорите и помала изложеност на пазарите на криза. Најновите прописи ќе се однесуваат на инвестициските фирми, операторите на берзите и компаниите кои овозможуваат информации за транспарентноста на процесот на тргување во Унијата, се наведува во соопштението на ЕП. Со овие прописи, ќе се ограничи високиот интензитет на тргувањето заснован на автоматските алгоритамски системи, а инвестициските компании ќе ги примора да го запрат тргувањето доколку двоумењето околу цените стане исклучително високо. Заради спречување на шпекулациите со цените на храната и енергијата, властите, по прв пат, ќе можат да го ограничат обемот на дериватите кои еден поединец ќе може да ги држи во своја сопственост. Меѓународната хуманитарна организација „Оксфам“ го поздрави најновиот договор, но предупреди на опасноста од поедини исклучоци, особено Британија, која е дом на еден од најголемите светски финансиски пазари во Лондон.   А.А.

Можеби ќе ве интересира

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата