Добивај вести на Viber
ЕУ е подготвена да понуди дополнителна помош за Португалија по истекот на сегашниот пакет за спас во мај , изјави еврокомесарот за економски и монетарни прашања Оли Рен .
" Европа ќе го исполни ветувањето и ќе продолжи да и помага на Португалија , но само под услов, таа да ги продолжи веќе започнатите реформи" , истакна Рен во ударната статија за бизнис весникот " Диарио Економико " .
" Апсолутен приоритет е успешно да ја завршиме оваа програма " , додаде еврокомесарот и предупреди дека е " потребно Португалија да ја задржи буџетската дисциплина и структурните реформи во годините што доаѓаат " .
Португалија живее по строгите правила на спасувачката програма за 78 милијарди евра , договорена во мај 2011 година со т.н. тројка - ЕУ , ММФ и ЕЦБ . Во замена на спасувачките заеми, земјата се согласи да воведе мерки за штедење и длабоки реформи кои преизвикаа рецесија, ја зголемија невработеноста, што резултираше со се поголем отпор од синдикатите и гласачите.