26 Април, 2024
0.0381

ЕСМ купи јаглен за РЕК Битола за 32 милиони евра од три компании, цени и до 65 евра по тон

Објавено во: Економија 22 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

АД ЕСМ по затворените тендери за набавка на јаглен за потребите на РЕК Битола за „Фактор“ информира дека се склучени три договори за испорака на рекордни 550.000 тони јаглен за сума од 1,936 милијарди денари, или приближно 32 милиони евра. Ако во добрите стари времиња се копаше јаглен за неколку евра по тон, сега по сите нови енергетски и геополитички феномени, ќе се купува увезен за околу 55 до 65 евра по тон.

РЕК Битола со затворањето на двата огласи на 12 април и 30 мај добива 400.000 тони јаглен од компанијата Хај Тауерс од Албанија, а договорот е постигнат во мај  Потеклото на јагленот е од Албанија, а цената е 449 денари за гигаџул, што е многу повеќе во однос на она што своевремено им се плаќаше на локалните приватни компании за ископ на јаглен во рудниците на РЕК Битола. Договорот со Хај Тауерс изнесува 22,2 милиони евра без ДДВ.

Втората и третата компанија се од Скопје - Куантум Солушнс и Енергија Икс, кои треба да набават 100 тони јаглен од Грција, односно 50.000 тони од Албанија, по постигнатите договори во јуни. Куантум Солушнс ќе наплати 6,3 милиони евра по цена од 457 денари од гигаџул, додека договорот со Енергија Икс изнесува околу 3,25 милиони евра и цена од 455 денари по гигаџул.

Лани со почетокот на енергетската криза, државните електрани во услови на оскуден ископ на наоѓалиштата, најавуваа набавка од 900.000 тони јаглен, но купувањето заврши со скромен резултат и потрошени помалку од 3 милиони евра, според отчетот што го дадоа генералниот директор Васко Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши во април. ЕСМ со поддршка од државниот буџет се потпре на купување на увозна струја (34,5 милиони евра), електрична енергија од гасната централа ТЕ-ТО (66 милиони) и на мазут (31,7 милиони). Немаше одговори или податоци колку количини на јаглен беше ископан од домашните наоѓалишта во екот на енергетската криза.

Истовремено од АД ЕСМ информираат дека набавката на јаглен за РЕК Осломеј е поништена. Поранешен ЕЛЕМ во мај објави дека бара 350 илјади тони јаглен за кичевскиот капацитет, а огласот беше затворен овој месец. За време на грејната сезона „Осломеј“ работеше по потреба, односно со повремен режим на работа според потребите на електро-енергетскиот систем или при застои и ремонти на другите електрани. Во тој период и со тој режим, според податоците кои ни ги даде ЕСМ, потрошени се 175.000 тони јаглен и 5.360 килограми мазут.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра