ЕСМ не го гаси „Осломеј“, бара 350.000 тони јаглен за термоелектраната
Објавено во: Економија 27 Мај, 2022 07:44
Поради енергетската криза, термоелектраната „Осломеј“, која инаку претходно подолго време не работеше, продолжува со производство на електрична енергија, иако беше планирано да се изгаси во април со крајот на грејната сезона. АД ЕСМ изминатата недела објави јавен повик за набавка на 350 илјади тони јаглен, а од таму велат дека капацитетот во Кичево работи и во моментов. Така ќе биде затоа што се уште на сила е вонредната состојба со енергетската криза со уредба чиј рок истекува на 9 јуни.
- ТЕЦ Осломеј е предвидено да работи и во грејната сезона 2022/23г, со набавен јаглен, но и со засилен ископ на сопствен јаглен во постоечкиете преостанати наоѓалишта на РЕК Осломеј или доколку се успее да се обезбедат нови пристапи. Според планот за производство, ТЕЦ Осломеј ќе работи континуирано од октомври до април во следната грејна сезона, велат од ЕСМ.
Отворениот систем на набавка на јаглен ќе биде отворен до вршењето избор и потпишување договор или договори, односно до набавка на количините кои се бараат во објавата.
За време на грејната сезона „Осломеј“ работеше по потреба, односно со повремен режим на работа според потребите на електро-енергетскиот систем или при застои и ремонти на другите електрани. Во тој период и со тој режим, според податоците кои ни ги даде ЕСМ, потрошени се 175.000 тони јаглен и 5.360 килограми мазут
Термоелектраната во Кичево започна со работа во периодот кога паднаа температурите, заради засилување на производството, по претходни неколкунеделни подготовки. „Осломеј“ како капацитет се вклучува по потреба последните пет години заради недостиг на јаглен. Претходните две години работеше само во исклучителни околности. Инсталиран капацитет има од 110 мегавати.
Со „зелената агенда“ на Владата на овој простор во последно време се градат фотонапонски панели, но со енергетската криза сепак приоритетот се насочи кон негово повторно активирање.. Во меѓувреме беше променет и директорот на оваа подружница на ЕСМ. Плановите беа овој капацитет воопшто да не работи, а на територијата на рудникот да се произведува електрична енергија од сончева енергија.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?
Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно
Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ
Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди
Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи




