01 Ноември, 2024
0.0271

Есер Џевахир: Кулите во Аеродром ќе бидат готови идната година!

Објавено во: Македонија 16 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Двете од вкупно четири кули во Аеродром се во завршна фаза на изградба, а сите ќе бидат вселиви кон крајот на идната година, соопшти генералниот директор на турскиот холдинг Џевахир, Есер Џевахир, во интервју за МРТ.  Проектот е вреден половина милијарда евра, а компанијата ќе ја работи и елитната населба Сончев град. Изградбата на кулите од по планот, вели Џевахир кој појаснува дека сега се работи 30-тиот кат на една од зградите, а другата зграда следи со разлика од 2 ката, односно 28-29 кат. Во овие зградите, според плановите ќе почне да се живее на крајот на 2014. „На другите два блока ќе бидат завршени структурната конструкција и инфраструктурата, но ќе ги доработуваме внатрешните детали. Штом ќе завршиме со изградбата, со карабината на првите две, веднаш ќе ги почнеме другите две згради. Изградбата се спроведува со метод на тунел-изградба, најбезбеден за земјотресни зони и најбрз за висококатници. Затоа оди толку брзо. Со проектот ќе изградиме 1376 станови. Во секоја кула ќе има по 344 стана, почнувајќи од еднособни до трособни.“ Во рамки на проектот е планирана изградба на трговски центар од 24-25 илјади квадратни метри и бруто површината за издавање од 17 илјади квадратни метри. Во трговскиот центар ќе ги има најпознатите меѓународни брендови, а како што открива Џевахир, во моментов се преговара со брендови кои до сега ги немало во Македонија. Џевахир вели дека има заинтересираникупувачи, и тоа главно за горните катови, од 30-тиот па нагоре. Цената не ја открива, но посочува дека се работи за луксузни апартмани, пренесува Лидер.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа седница за пратенички прашања, опозицијата и власта си разменија остри зборови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа седница за пратенички прашања, опозицијата и власта си разменија остри зборови

ПИСОНЕРО: Сите политички сили во Македонија да се обединат за да се спроведат уставните измени

ПИСОНЕРО: Сите политички сили во Македонија да се обединат за да се спроведат уставните измени

АДВОКАТИТЕ НА ОБВИНЕТИТЕ ТВРДАТ: Христијан Пендиков не бил тепан зашто се чувствува како Бугарин

АДВОКАТИТЕ НА ОБВИНЕТИТЕ ТВРДАТ: Христијан Пендиков не бил тепан зашто се чувствува како Бугарин

ТОШКОВСКИ ДО ОПОЗИЦИЈАТА: Вие 300 пати ми побаравте оставка

ТОШКОВСКИ ДО ОПОЗИЦИЈАТА: Вие 300 пати ми побаравте оставка

АПАСИЕВ ПРАША ЗА ПРИЗНАВАЊЕТО НА ПАЛЕСТИНА: Mицкоски повика на мир во Газа, Украина и секаде во светот

АПАСИЕВ ПРАША ЗА ПРИЗНАВАЊЕТО НА ПАЛЕСТИНА: Mицкоски повика на мир во Газа, Украина и секаде во светот

„ПАДНА“ ОДЛУКА: Уставниот суд ја поништи одредбата за верски обреди во армијата

„ПАДНА“ ОДЛУКА: Уставниот суд ја поништи одредбата за верски обреди во армијата

ГРАЃАНИТЕ ДОБИВАЛЕ ПОРАКИ ДЕКА СЕ ПРЕДМЕТ НА ПРАВНИ ПОСТАПКИ: Измами во име на МВР, внимавајте

ГРАЃАНИТЕ ДОБИВАЛЕ ПОРАКИ ДЕКА СЕ ПРЕДМЕТ НА ПРАВНИ ПОСТАПКИ: Измами во име на МВР, внимавајте

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресе град во западниот дел

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресе град во западниот дел

(ФОТО) СЕДЕШЕ ВО ДРУШТВО НА ЖЕНА: Груевски e фотографиран во јапонски ресторан во Будимпешта

(ФОТО) СЕДЕШЕ ВО ДРУШТВО НА ЖЕНА: Груевски e фотографиран во јапонски ресторан во Будимпешта