18 Мај, 2024
0.0457

Erste Card Club: Корисниците на Diners во Македонија се сигурни, ситуацијата во Србија се решава

Објавено во: Економија 26 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Корисниците на Diners картичките во Србија се затечени од непријатниот развој на настаните бидејќи поради неодоговорното и најверојатно криминално поведение на претходното раководство на компанијата, новиот сопственик Erste Card Club мораше да покрене стечајна постапка. Засега картичките се блокирани, Народната Банка на Србија ветува брза и ефикасна истрага, поднесени се кривични пријави и се бараат решенија, но штетата е веќе направена. Затоа побаравме одговори од раководството на Erste Card Club кои исто така се главни инвеститори и сопственици и на Дајнерс Клуб Македонија дали ваквиот развој на настаните може да има штетни последици врз македонските корисници и воопшто на брендот на Дајнерс во Регионот.

Фактор: Diners Club International Belgrade поднесе барање за стечајна постапка во Србија и сопрена е употребата на нивните картички. Дали ова може негативно да се одрази на Дајнерс Клуб Македонија?

Erste Card Club: Поднесувањето на барање за отварање на стечајна постапка на Diners Club International Belgrade не се однесува и нема никакво влијание на ДКИМ ДООЕЛ СКОПЈЕ. Дајнерс Македонија редовно работи, а корисниците своите картички може непречено и понатаму да ги користат на сите продажни места.

Фактор: Ерсте Кард Клуб исто така е сопственик на Дајнерс Клуб Македонија. Каква е стратегијата за справување со состојбата?

Erste Card Club: ECB изразува жалење поради моменталната ситуација во Србија која е резултат на долгогодишна злоупотреба и неодговорно управување од страна на поранешниот менаџмент на DCIB, против кого се поднесени кривични пријави. Во овој момент, преку комуникација со сите релевантни органи, вклучително и на давателот на франшизата американската компанија Diners Club International интензивно се дискутираше за алтернативни решенија што ќе овозможат продолжување на работата на Diners Club на српскиот пазар. Со оглед на тоа дека ова е сложена процедура од која се бара детална анализа и квалитетна подготовка, конечната одлука се очекува во следните неколку недели. Иако во моментов не може да обезбеди гаранција, Erste Card Clubќе направи се што е во негова моќ за да помогне заедно во соработка со DCI и другите инволвирани страни да најде алтернативно решение за спроведување на првичната идеја за развој на бизнисот на Diners на српскиот пазар.

Фактор: Сметате ли дека по скандалот во Србија можно е Ерсте Кард Клуб целосно да се повлече од Дајнерс на Балканот?

Erste Card Club: Треба да се напомене дека сегашната ситуација во Србија нема да има негативно влијание врз стабилноста и редовното работење на Erste Card Club како сопственик на DCI Macedonia. ECC е квалитетна компанија со развиен бизнис модел и многу години на успешно работење во пазарите не само на Хрватска, туку и Словенија и Босна и Херцеговина, како и во сегментот на прифаќање на картички е присутнa и во Унгарија, Бугарија и Романија. Без оглед на моменталната ситуација и околностите во Србија, ECC има стратегија и натаму да го зајакне своето регионално присуство во Југоисточна Европа и останува силно посветенa на постигнување на таа цел.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа