29 Април, 2024
0.0414

Доц. д-р Тања Анѓушева, специјалист по интерна медицина и субспецијалист по кардиологија во Клиника Жан Митрев

Ергоспирометрискиот тест е дел од медицинските практики за лекување на срцеви заболувања и за функционалноста на белите дробови

Објавено во: Македонија 18 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Во Жан Митрев Клиника се прави современ ергоспирометриски тест со кој се мери работата на срцето во корелација со белите дробови за време на физички напор. Овој тест во современата медицина наоѓа широка примена при проценка на здравствената состојба на пациенти со срцеви и белодробни состојби, но и кај спортисти при проценка на нивната кондиционираност. Се користи и за проценка на метаболната состојба на еден организам. А една од примените е и кај трудници со цел проценка на крвоснабдувањето на плодот во матката. За примената, за ефектите и потребата од правење на овој тест, разговараме со доц. д-р Тања Анѓушева, специјалист по интерна медицина и субспецијалист по кардиологија во Клиника Жан Митрев.

Што претставува ергоспирометријата и која е предноста на ергоспирометрискиот тест во однос на стандардниот стрес тест?

Доц. д-р Анѓушева: Кардио-пулмонален стрес тест (СРЕТ) или таканаречен ергоспирометрија е тест со кој се мери работата на  срцето во корелација со белите дробови за време на физички напор. За разлика од стандардниот стрес тест, пациентот оди на трака или вози статичен велосипед, при што му е поставена дополнителна апаратура што мери и други показатели на здравствената состојба. Таа опфаќа апарат за мерење на крвниот притисок, електроди за правење ЕКГ (електрокардиограм) со кои се регистрира срцевата акција, како и маска која е поставена на лицето и со помош на која се мери кислородната потрошувачка односно фреквенцијата и силината на дишење, колку често и колку длабоко пациентот вдишува и издишува.

Овој тест е составен дел на кардиолошките испитувања и е најдобар показател во каква состојба се наоѓа организмот, се проверува функционалната способност на срцето и неговата адаптација на физички напор. Каде се е примената и кои се индикациите кои упатуваат на ергоспирометриски тест?

Доц. д-р Анѓушева: Индикационото подрачје за овој тест е доста широко, а примената на тестот за проценка на здравствената состојба на пациентите е веќе влезена во голем број медицински водичи за лекување. Најчести причини каде е потребна ергоспирометријата е за одредување на причината за функционалните проблеми на срцето и белите дробови, при проценка на физичка подготвеност, односно максималното оптоварување кое може една личност да го толерира со цел да се направи план за тренирање по мерка на личноста која се тестира. Многу е потребна за проценка на ризик пред планирана хируршка процедура. Овој тест дава најрелевантна проценка на сериозноста односно тежината на срцевата слабост а клучна е за проценување на степенот на белодробните болести како ХОББ (хронична опструктивна белодробна болест), белодробна васкуларна болест или цистична фиброза. Примената на ергоспирометријата се проширува на евалуација на индивидуалните ограничувања како резултат на лимитираноста на белодробието или пак срцето во тек на физичката активност, на проценка на подготвеноста на пациентот кој има одредено срцево заболување за рехабилитација и правење план за физички активности во тек на рехабилитацијата. Ефикасноста на претходниот медикаментозен или оперативен  третман, исто така е мерлива со овој тест а понатаму оди и кон проценка на потребата од друга форма на третман поврзан со срцева слабост во терминален стадиум, механичка циркулаторна потпора, срцева трансплантација, за оние пациенти во терминален стадиум на болеста.

CPET е незаменлив во одредувањето на причината за отежнато дишење (диспнеја) за време на напор, како и во одредувањето на нормалниот одговор на пулмоналниот и кардиоваскуларниот систем на физички напор. Што може да открие тестот?

Доц. д-р Анѓушева: Со овој тест јасно може да се одреди причината на заморот и отежнатото дишење, т.е. дали е последица на претходно латентно срцево заболување или пак промени во структурата и функцијата на белите дробови.

Како се изведува тестот, дали се потребни претходни подготовки и што вклучуваат?

Доц. д-р Анѓушева: Тестот се изведува во посебна просторија каде е сместена опремата и под будното око на стручниот медицински кадар кој го води лицето кое се тестира низ секој дел од тестирањето. Може да се изведе со помош на трака или пак возење на статичен велосипед. Истовремено се следат срцевите и белодробните параметри преку електроди и сензори поставени на телото и во маската, а апаратот има специјална програма којашто врши анализа на овие параметри. Потоа доктор ги обработува и одредува понатамошни чекори. Подготовката за овој тест не е комплицирана, но заради веродостојноста и точноста на резултатите има неколку клучни правила:

Прво - Пациентот задолжително треба да ја земе редовната терапија која ја користи, второ – дозволено е да се консумира полесен оброк до 4 часа пред тестот, доколку пациентот чувствува глад дозволено е консумирање единствено шејк пред тестот. Трето - не смее да се консумира кафе, кока кола, алкохол, црн чај, еден ден пред тестот не е пожелно пациентот да вежба и никако не е дозволено консумирање на никотин (цигари и електронски цигари) пред тестот.  Релевантноста на тестот и придржувањето кон овие препораки, ги даваат најточните резултати и препораки за идни третмани и терапии.

Дали процедурата е безбедна, колкав е ризикот од компликации?

Доц. д-р Анѓушева: Процедурата е високо безбедна. Многу е ниска појавата на несакани ефекти (1 на 100 000 пациенти). Едни од можните несакани ефекти се аритмии и миокарден инфаркт. Но, токму и затоа е тестот добар, затоа што дава знаци за опасноста од овие појави и може да се интервенира. Овде важно е да напоменеме дека мониторирањето на пациентот е многу пообемно. Параметрите на апаратот даваат можност однапред да се процени настанато исцрпување на физичките резерви или промени во нормалниот метаболизам од кислороден во безкислороден, така што тестот се прекинува и се спречува појавата на несакани ефекти.

При кои заболувања е контраиндициран?

Доц. д-р Анѓушева: Да, постојат извесни ограничувања кога не се препорачува ергоспирометрија и затоа улогата на докторот и увидот во историјата на пациентите се клучни. Тука пред се ергоспирометрија не се препорачува доколку лицето има физичката состојба која не дозволува да оди на трака или пак да вози велосипед, или прележано скорешна респираторна инфекција, грип, КОВИД, има нетретирана тешка аортна стеноза или неконтролирана астма, преживеано скорешен срцев инфаркт (пред помалку од 30 дена), има имплантиран ICD/CRT пред помалку од 4 недели, ниска почетна кислородна оксигенација, висок крвен притисок или малигни аритмии.

Покрај кардиоваскуларните пациенти, ергоспирометрискиот тест се препорачува кај спортистите. Кои се конкретно придобивките за нив и дали ергоспирометријата како дијагностичка процедура може да помогне во рана детекција и превенција од ненадејна срцева смрт кај спортистите?

Доц. д-р Анѓушева: Ергоспирометријата е многу важна во проценката на физичката кондиционираност на еден спортист, бидејќи со анализата на добиените параметри од белодробието и срцевата акција, лекарот може да ја процени точно точката кога спортистот влегува во анаеробен (лактичен метаболизам). Што всушност значи тоа? Познато е дека кај спортистите со редовниот тренинг не само што се кондицираат скелетните мускули туку се тонизира и срцевиот мускул и се адаптира да на одреден степен од физички напор донесе адекватна количина крв, а со тоа кислород и глукоза кои се неопходни за ослободување на енергија која ја одржува работата на мускулатурата. Со овој тест ние можеме точно да кажеме до кое ниво е постигнато кондиционирање. Согласно тоа, потоа да му дадеме совети на спортистот како да продолжи со цел за да го избегне моментот на влез во анаеробен метаболизам со прекумерниот физички напор. На таков начин се спречува појавата на мускулна болка кај спортистите, но што е најважно се спречува непотребното оптоварување на срцевиот мускул и можноста за појава на проширување и слабост на истиот или пак појава на аритмии и ненадејна срцева смрт.

Покрај спортистите, овој тест има бројни можности за сите хронични пациенти, но и за пошироката популација - луѓе кои се физички активни и за кои е важна проценката на кондиционите способности и метаболичките процеси, со цел да се прилагоди интензитетот и времетраењето на вежбање. Покрај пациентите и професионалните спортисти, за кои други лица се препорачува тестот?

Доц. д-р Анѓушева: Бенефитите од овој тест се големи и неговата примена во секојдневието е прилично широка. Така тестот е веќе влезен во сите водичи за проценка на пациентите со срцева слабост и класификацијата дали еден пациент со слабо срце треба да се постави на листата за трансплантација или пак му е потребна механичка потпора на срцето. Секаде во светот, рехабилитацијата на срцевите болни ја изведуваат според измерените параметри од овој тест. Многу често овој тест се користи за проценка на ризик од кардиоваскуларни промени при тешки хируршки процедури.

Мора да се напомене дека тестот има можност да ја процени и метаболната состојба на еден организам. Митохондриите се составен дел на секоја клетка и се местото каде се случуваат сите процеси на ослободување и вградување на енергијата. Често пати, поради некои ензимски промени при одредени заболувања може да настане блок на овие процеси и лицето да чувствува замор, малаксаност, тешко дишење, краток здив, а при тоа да има здраво срце и бели дробови. Со овој тест може јасно да се дефинира оваа состојба и да се помогне. И секако треба да споменеме една специфична примена, која е во честа употреба во развиените земји, а тоа е кај трудниците, со цел проценка на крвоснабдувањето на плодот во матката на бремената жена.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево