Ердоган запали фитил - тронот на доларот се клати
Објавено во: Балкан 10 Декември, 2016
„Тронот на доларот се клати“ - пишува весникот „Догру абер" по повод идејата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да се користи национална валута во надворешната трговија.
Веќе била остварена првата трансакција по овој повик меѓу централните банки на Турција и Кина.
Весникот посочува дека по договорот меѓу двете страни за трговија во националната валута е „разнишан тронот" на американскиот долар и неговата вредност опадна.
По истите чекори сега одат и Египет, ОАЕ, Мароко и Унгарија.
Агенција Стратфор, предупреди дека „течението, иницирано од Турција, може да го промени глобалниот систем", истакнува весникот.