04 Мај, 2024
0.0271

Ердоган за барањата на ЕУ: Нема да ја промениме антитерористичката легислатива

Објавено во: Балкан 07 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја нема да ја промени антитерористичката легислатива, иако тоа е услов на ЕУ за укинување на визите за турските граѓани.

„ЕУ бара од нас да го промениме антитерористичкиот закон, за да ги укине визите. Го кажува тоа во момент кога Турција од сите страни е изложена на напади од терористички организации и нивни истомисленици. Вие ни поставувате услови, а им дозволувате на терористи да распнуваат шаторите до зградата на Европскиот парламент“, рече Ердоган.

„Извинете, но ние одиме по нашиот пат, а вие одете по својот“, рече Ердоган во емитуван говор на телевизија во Истанбул.

Ердоган го има предвид случајот во средината на март, кога за време на состанокот Турција-ЕУ во Брисел курдски активисти распнаа шатори со симболи на Курдската работничка партија, која се смета за терористичка организација во Турција.

За да обезбеди безвизен пристап за граѓаните до Европската унија, Анкара треба да исполни серија од услови поставени од Брисел. Еден од нив е да се помират законодавството и практиките во областа на тероризмот со европските стандарди; да се стесни дефиницијата на тероризмот и да користат пропорционални мерки за борба со него.

Тој исто така ја заштити како „природна“ интервенцијата во внатрешната политика по изненадно прогласување на оставката на премиерот Ахмет Давутоглу.

„Некои се загрижени од мене, бидејќи одблизу го следам развојот на настаните поврзани со партијата ... Што повеќе природно може да има во тоа“, рекол претседателот, чија функција по устав е аполитична.

Во својот говор, Ердоган предложи исто така претседателскиот систем да биде усвоена на референдум „што е можно побрзо“. Тоа би му дало повеќе овластувања.

Реформите во претседателската институција треба да бидат подложени на референдум, изјави Ердоган. Во говорот на националната телевизија турскиот претседател посочи дека изработката на нов устав и нов претседателски систем на управување се од итна потреба, а не се негови лични цели. Тој исто така смири дека последните политички настани, односно повлекувањето на Ахмет Давутоглу, нема да влијаат на економијата на земјата.

Можеби ќе ве интересира

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни