Ердоган се подготвува да владее до 2029 година?
Објавено во: Балкан 21 Ноември, 2016
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган може да управува со земјата до 2029 година под засилени овластувања на извршната власт.
Ова е предвидено во подготвуваните промени од владејачката Партија на правдата и развојот кои ќе бидат подложени на референдум следната пролет, пренесе Ројтерс, повикувајќи се на информации од официјални лица кои ги виделе подготвените текстови.
Ердоган и неговите поддржувачи тврдат дека Турција има потреба од силно управување на претседателството, слично на системот во САД и Франција. Така ќе се избегнат кревките коалициски влади, кои влијаеле на развојот на земјата во минатото.
Противниците на Ердоган гледаат на предложените промени како средство за неговите амбиции и се плашат дека тие ќе доведат до зголемен авторитаризам во земјата.
Основана од страна на Реџеп Ердоган пред 15 години, Партијата на правдата и развојот има за цел да одржи референдум за ова прашање следната пролет. Партијата бара поддршка од националистичката опозициска партија MHP, за да освои парламентарно одобрение за такво гласање.