18 Мај, 2024
0.0268

ЕРДОГАН СЕ НАЛУТИ: Ќе ги отворам границите ако ги замрзнете преговорите со ЕУ!

Објавено во: Балкан 25 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Турскиот претседател Реџеп Ердоган остро реагираше на одлуката на Европскиот парламент да ја поддржи резолуцијата, за замрзнување на преговорите за членство на Турција во ЕУ. 

„Слушнете ме. Ако одите уште подалеку границите ќе бидат отворени, имајте го ова на ум“, рекол Ердоган за време на говорот во Истанбул, свртувајќи се кон Европската унија.

Потсетуваме дека на 18.03.16 година беше потпишан договор меѓу Анкара и Брисел, со што Турција вети дека ќе соработува активно за запирање на протокот на илегални мигранти кон Европа. 

Во замена се очекуваше да добие визна либерализација и најмногу забрзување на процесот за членство во Унијата. 

Претседателот Ердоган продолжи со обвиненија против Брисел за нехуман и неправеден однос спрема мигрантите. „Вие никогаш не се однесувавте чесно и не ги третиравте праведно луѓето. Не допреа до вас бебињата, кога беа исфрлени на брегот на Средоземното Море. Ние сме оние кои хранат околу 3,5 милиони бегалци во оваа земја“, рекол Ердоган, цитиран од весникот „Хуриет“. „Вие не го запазивте своето ветување. Кога 50 000 бегалци се појавија на Капикуле, вие плачевте, велејќи: „Што ќе правиме ако Турција ги отвори границите. Видете, ако одите подалеку, овие граници ќе бидат отворени. Треба да знаете тоа“, додал тој. 

Неговата изјава доаѓа непосредно по одлуката на Европскиот парламент за замрзнувањето на преговорите за членство со Турција поради чистката во земјата, последен обид за државен удар против власта на 15 јули. Важно е да се напомене дека текстот од одлуката нема обврзувачки карактер и не е поддржан од Европската комисија или од земјите членки.

Можеби ќе ве интересира

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!