04 Мај, 2024
0.0245

Ердоган категорично против создавањето на „Голема Албанија“

Објавено во: Балкан 20 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се спротивстави на обидите за обединување на Албанија, Македонија и Косово како една албанска држава и се изјасни за почитување на територијалниот интегритет на земјите на Балканот. 

Во интервјуто за албанскиот телевизиски канал „Top Channel“ објавено во Агенција Анадолија тој ја коментира ситуацијата и изрази надеж дека претстојните парламентарни избори за време на викедот ќе отклучат нов посилен период за Тирана. 

„Во овој поглед Турција е решена да и помага Албанија - со политичка, воена, економска, трговска, културна и секакви поддршка. Бидејќи според нас Албанија е точка на солидарност и од особена важност за Балканот, поради тоа не треба да дозволиме шанса некој да наштети на единството и мирот во земјата“, истакна турскиот државен шеф. Тој истакна дека не само во Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, но и на целиот Балкан постојат споменици од културно-историското наследство од времето на Отоманската империја, а Турција не сака да ги прекине братските врски со овие земји, напротив, има интерес од нивно засилување и од стабилноста во нив.

Колку и да има обиди за обединување на Албанија, Македонија и Косово во една „Голема Албанија“, Ердоган посочи дека за ваквата идеја дури не сака да мисли. 

„Категорично ги отфрламе сите такви обиди и сугестии за прекројување на границите во овој историски момент, тоа е погрешно. Гледаме што се случува до нас - во Блискиот Исток, во Ирак, во Сирија. И не сакаме истото да се случи и на Балканот, иако сме свесни за постоењето на ризици. Не треба да дозволиме тоа и ние посебно го почитуваме територијалниот интегритет на земјите на Балканот. Животот треба да продолжи, а да се стави крај на игрите во Македонија, во Босна и Херцеговина, во Албанија, во Србија“, истакнал тој , пренесоа агенциите од регионот.

Можеби ќе ве интересира

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни