04 Мај, 2024
0.0271

Ердоган: Германија ќе си плати, ако и воведе ембарго на Турција

Објавено во: Балкан 25 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган жестоко го критикуваше предупредувањето на Германија дека може да наметне економски санкции против Турција. На позадината на заладените односи меѓу Анкара и Берлин државниот шеф изјави дека Германија ќе ја плати цената во случај да воведе ембарго на Турција, пренесува турското издание Hurriyet.

„Треба да предвидите повисока цена (која ќе мора да ја платите), ако мислите дека можете да ја уплашите Турција со вашите закани за ембарго“, рече Ердоган во говорот пред пратениците од владејачката Партија на правдата и развојот. Неговиот коментар дојде по изјавите од страна на германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел дека Берлин може да наметне економски санкции и да ги предупреди туристите дека ја посетуваат Турција на сопствена одговорност.

Цитиран од европската редакција на Politico, германскиот министер за финансии Волганг Шојбле пак го обвини Ердоган дека ја изложува на ризик децениската соработка меѓу двете земји. Шојбле беше категоричен дека Берлин нема да биде "уценуван" од Анкара.

Иако во понеделникот Турција го повлече обвинението за тероризам, внесено преку „Интерпол“, против 700 германски компании, односите меѓу двете земји очигледно остануваат во криза. На 20 јули, германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел објави значително „преориентирање“ на неговата политика кон Турција. Берлин шири нови предупредувања за ризици за германските туристи при патувања во Турција, а Габриел изјави дека неговата влада веќе не може да ги гарантира германските корпоративни инвестиции во Турција, откако владата на претседателот Реџеп Таип Ердоган обвини неколку компании, вклучувајќи ги и Daimler и BASF дека имаат врски со движењето на неговиот политички непријател Фетуллах Гулен. 

Германскиот министер за надворешни работи рече дека не може да замисли преговори за проширување на царинската унија до Турција, како и дека ќе зборува со останатите европски лидери за ревидирање на претпристапните фондови, кои и се нудат на Анкара.

Можеби ќе ве интересира

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни