ЕПЛ КОНТРА ЕВРОПА: ЕУ е таа што не ги почитува законите-ќе трпат работниците!
Објавено во: Економија, Свет 30 Август, 2016
Компанијата ЕПЛ ја критикуваше одлуката на Европската унија според која мора да и плати на Ирска 13 милјарди евра на име даночни олеснувања.
ЕК заклучи дека Ирска и дала нелегални даночни олеснувања вредни 13 милијарди евра на ЕПЛ и дека таа земја сега мора да го врати неплатениот данок на американската технолошка компанија со камата.
ЕПЛ во реагирањето ги обвини европските власти дека ги игнорираат меѓународните и ирските закони за данок и настојуваат да ги избркаат странските инвестиции од Европа.
Американската мултинационална компанија и ирската влада најавија дека ќе вложат жалба.
„Европската комисија покрена напори повторно да ја испиша историјата на ЕПЛ во Европа, игнорирајќи ги ирските даночни закони и испревртувајќи го меѓународниот даночен систем“, наведува таа компанија.
ЕПЛ наведува дека во овој случај не се работи за тоа колку ЕПЛ плаќа данок, туку која влада ги собира тие пари.
„Тоа ќе има длабоки и штетни последици и инвестициите и создавање на работни места во Европа“, наведува ЕПЛ.