Енвер Хоџај против идејата на Вучиќ - Балканот ќе се интегрира само во НАТО и ЕУ
Објавено во: Балкан 06 Април, 2017
Косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај денеска повторно и се спротивстави на идејата за единствен регионален пазар на Западен Балкан, предложена од Србија, јави косовската телевизија РТК.
Хоџај изјави дека ова е антиевропска идеја, која има за цел засилување на руското влијание во регионот.
„Единствената опција е евроатлантската ориентација”, напиша Хоџај на Твитер.
Министерот истакна дека Косово е против перспективите за формирање „нова Југославија“, истакнувајќи дека проектот со заедничка држава бил неуспешен, па дури и довел до крвопролевања.